21.8 C
Скопје
18:01 - 1 мај, 2024

Скопје „води“ во Европа со шест пати поголема загаденост на воздухот

Повеќе од половина од населението во Македонија и Србија живее со четири пати поголемо загадување од препораките на СЗО.

Европа се соочува со „тешка јавно-здравствена криза“, при што речиси сите ширум континентот живеат во области со опасни нивоа на загадување на воздухот, покажа истражувањето на „Гардијан“.

Анализата на податоците добиени со користење на најсовремена методологија, вклучувајќи детални сателитски снимки и мерења од повеќе од 1.400 набљудувачки станици, открива страшна слика за загадениот воздух – 98 отсто од луѓето живеат во области со многу штетни честички од загадувањето на воздухот кои ги надминува препорачаните насоки на Светската здравствена организација. Речиси две третини живеат во области каде квалитетот на воздухот е повеќе од двојно повеќе од препорачаните вредности на СЗО.

Најпогодена земја во Европа е С.Македонија. Речиси две третини од луѓето во Македонија, пишува Гардијан, живеат во области со загаденост на воздухот четири пати повисоко од упатствата на СЗО за PM2.5, додека четири области имаат речиси шест пати поголема загаденост на воздухот, вклучувајќи го и главниот град Скопје.

Источна Европа е значително полоша од Западна Европа, освен Италија, каде што повеќе од една третина од жителите на Падската долина и околните области на северот на земјата дишат воздух кој е четири пати поголем од бројот на најопасните честички во воздухот во споредба со препорачаниот број на СЗО.

За оваа детална анализа и изработување на интерактивна мапа која ги открива најпогодените области на континентот, Гардијан соработувал со експерти чија специјалност е загадувањето на воздухот. Мерењата се однесуваат на ПМ2,5 – ситни честички во воздухот кои главно се создаваат со согорување на фосилни горива, од кои некои можат да поминат низ белите дробови и да влезат во крвотокот, зафаќајќи го речиси секој орган во телото.

Актуелните упатства на Светската здравствена организација наведуваат дека просечната годишна концентрација на PM2,5 не треба да надминува 5 микрограми на кубен метар (μg/m3). Новата анализа покажа дека само 2 отсто од населението во Европа живее во области во рамките на оваа граница.

Експертите велат дека загадувањето со ПМ2.5 предизвикува околу 400.000 смртни случаи годишно низ целиот континент.

„Ова е сериозна јавно-здравствена криза. Она што многу јасно го гледаме е дека речиси сите во Европа дишат нездрав воздух“, вели Роел Вермеулен, професор по еколошка епидемиологија на Универзитетот во Утрехт, кој го предводел истражувачкиот тим.

Речиси сите жители во седум источноевропски земји – во Македонија, Србија, Романија, Албанија, Полска, Словачка и Унгарија – имаат најмалку двојно поголема загаденост од насоките кои се препорачани од СЗО.

Повеќе од половина од населението во Македонија и Србија живее со четири пати поголемо загадување од препораките на СЗО. Инаку, главни причини за загадувањето на воздухот се сообраќајот, индустријата, греењето на домаќинствата и земјоделството.

Загадувањето на воздухот стана клучен проблем во Европа, а ЕУ е под притисок да стори што повеќе за да се справи со растечката криза во јавното здравство. Минатата недела, Европскиот парламент гласаше за усвојување на насоки на СЗО за PM2,5 до 2035 година. Законот, кој сè уште треба да се финализира во преговорите со Советот, ќе постави законски обврзувачка граница на годишните концентрации на PM2,5 од 5 μg/m3, во споредба со денешните 25 µg/m3.

Експертите велат дека итно е потребно да се преземат мерки. Тие укажуваат на сè поголем број докази кои потврдуваат дека загадувањето на воздухот влијае на речиси секој орган во телото и е поврзано со широк спектар на здравствени проблеми, од срцеви и белодробни заболувања до рак и дијабетес, депресија, ментални болести, когнитивни нарушувања и мала тежина на новороденчињата.

Една неодамнешна студија покажа дека загадениот воздух е одговорен за милион мртвородени деца годишно, а друга, дека младите луѓе кои живеат во загадените градови веќе имаат милијарди токсични честички од загадениот воздух во својот организам, особено во белите дробови и срцето.

Д-р. Хана Бугард, експертка за загадување на воздух која работи при американскиот Институт за здравствени последици од загадување на воздухот, за Гардијан вели дека „новата анализа е од клучно значење за информирање за следната дебата која ќе се однесува на оваа тема“ и нагласува дека последиците од загадениот воздух резултираат со стотици илјади смртни случаи годишно.

Слични објави

(Видео) Северина пееше во Дубровник, Новак Ѓоковиќ уживаше на концертот: Публиката во транс

Еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша брутално му одговори на Душко Тошиќ: Еве што мисли за девојката со која е уловен во Дубаи

еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го покажа синот: Нежни мигови со слаткиот Марио

еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ ќе стане милионер: Еве каков бизнис започна, а мама е горда!

еспресо

Астропрогноза за среда, 1 мај: Овните ќе носат одлуки, за Водолиите интересни познанства

еспресо
Се вчитува....