16.8 C
Скопје
20:41 - 1 октомври, 2026

Како Хју Џекмен и Дебора-Ли Фурнес ќе го поделат имотот: Недвижнини во вредност од 290 милиони долари

„Ју-ес Викли“ објави како 54-годишниот австралиски актер Хју Џекман и актерката Дебора-Ли Фурнес (67) по разводот ќе го поделат својот заеднички имот, проценет на 290 милиони долари.

Славната двојка, која објави дека се разделува по 27 години брак, го започна „комплицираниот“ процес на поделба на „империјата“ вредна 290 милиони долари што ја создадоа заедно.

Ѕвездата на „Вулверин“ и неговата сопруга од која се разведува, имаат намера да поделат сè подеднакво.

„Нивните животи беа толку испреплетени, така што е исклучително тежок и исцрпувачки процес да се одвои сè и точно да се определи кој што добива во однос на средствата и финансиите“, изјави извор за „Ју-ес Викли“.

„Разводот ќе биде формализиран во догледно време, но пред тоа да се случи, нивната цел е да постигнат договор за праведна пделба на имотот. Тие се решени [да го направат тоа] што е можно попријателски“, додава изворот близок на поранешните сопружници.

Во 2010 година, списанието Men’s Health ја процени нето вредноста на австралискиот актер на приближно 257 милиони долари, од кои голем дел се должи на неговата работа на блокбастерот на Marvel Comic.

Пред првата улога на Џекмен во X-Men во 2000 година, парот живеел во скромен стан со две спални соби во Мелбурн.

Парот го купи својот прв заеднички имот за 240.000 долари во 1997 година, една година по нивниот брак. Сепак, подоцна го продадоа станот (во август 2015 година) за 740.000 долари, со што добија нето добивка од половина милион долари.

Во 2009 година, тие купиле трикатен стан во зградата Мејер Тауерс во Њујорк.

Хју и Дебора-Ли имаат имот и во Сиднеј, каде поминувале неколку месеци од годината.

 

Слични објави

(Фото) Како холивудска дива од 20-тите — Калтрина Круезиу во раскошно бело издание на гала во Скопје

К.С.

(Фото) Јаков Јозиновиќ го прослави 21. роденден: доби емотивно изненадување

apostolova

(Фото) Адријана Алачки остана без фризер пред снимање, па Анета Љумаковска ја спаси ситуацијата: „Ете што е вистински колега“

К.С.

Тереза Кесовија одложи два концерти поради здравствени проблеми: „Ќе дадам сè од себе да закрепнам“

Еспресо

Искористете ги посебните попусти во Wood Room и подновете се со уникатна клуб-маса со епоксидна смола

Еспресо

(Видео) Александра Пријовиќ оживеа фолк-хит од 2005 година, „Тикток“ полуде по песната

Еспресо
Се вчитува....