11:14 - 12 ноември, 2026

Наоми Кемпбел за зависноста од дрога: Беше страшно да се погледнам во огледало

Наоми Кемпбел, црниот пантер како што ја нарекуваат многумина, во новиот документарен филм „Супермодели“ откри дека зависноста од дрога во 90-тите речиси ја убила.

Една од најубавите светски манекенки тогаш беше на врвот на кариерата. Таа призна дека се свртела кон кокаинот за да заборави на траума од детството и да се помири со смртта на италијанскиот дизајнер и нејзин близок пријател Џани Версаче.

„Една од работите што се обидував да ја сокријам беше тагата. Зависноста е таква. Зависноста е опасна работа, навистина е. Мислиш дека ќе ја залечи раната, но нема. Тоа може да предизвика многу страв и вознемиреност,“ открива Наоми во документарецот.

„Џани ќе ме натераше да излезам и да продолжам понатаму кога не мислев дека можам. Кога почина, мојата тага стана преголема,” додава таа.

Легендарниот модел пет години се бореше со зависноста, а во 1999 година колабира за време на снимање. Тогаш, вели таа, сфатила дека мора да се пријави на рехабилитација.

„Тоа беше една од најдобрите работи што можев да ги направам за себе во тоа време. Беше страшно да се погледнам во огледало. Не можете да ги скриете чувствата. Беше многу болно,” открива Наоми, која тврди дека главниот предизвикувач поради кој почнала да зема супстанции е траума од детството. Имено, познатата манекенка пораснала без својот татко кој ја напуштил мајка ѝ додека била бремена.

Слични објави

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.
Се вчитува....