2.8 C
Скопје
16:54 - 22 декември, 2024

(Фото) Скопје евергрин, 26 јули 1963-та: „Се разбудив затрупана со малтер и тули“, „Кога солзите од тага станале солзи радосници“

(Фото) Скопје евергрин, 26 јули 1963-та, сведоштва: „И ден-денес ми се заледува крвта од тој татнеж“ од земјотресот, „Зошто не се одбележува 26 јули, Денот на светската солидарност?“

Даниела Петковиќ: Кога солзите од тага станале солзи радосници

Приказна за татко ми: неговата братучетка од Јабука од Панчево прочитала дека го имало на списокот на настраданите и го прежалила во црнина. Меѓутоа, тој есента служел војска токму во Панчево и како војник со својата чета биле во селото. На сретсело имало чешма, па војниците застанале да се напијат вода. Тогаш наишла една жена и командантот им дал знак на војниците да се тргнат за таа да дојде до чешмата. Кога ја наполнила водата, застанала настрана и случајно го препознала татко ми во моментот кога тој пришол да се напие. Го повикала по име, на што тој се изненадил, бидејќи била во црнина, па не ја препознал. На неговото прашање кого жали, му рекла: „Па, тебе, драг мој брате!“ Тогаш солзите од тага станале солзи радосници.

Лилјана Смилевска: Се тресеше и во Прилеп

Лилјана Смилевска, фото – приватна архива

Летото 1963-та имав неполни 12 години. На 25-ти се враќавме од одмор во Струга. Татко ми одлучил со автобус да одиме до Прилеп, имаше таму сестра, да се видиме и да преспиеме, па утредента да се вратиме во Скопје со воз. Во веќе осамнатото утро нè разбуди силното тресење на куќата. Улицата беше полна со исплашени луѓе, едни тукушто разбудени, други, оние што одгледуваа тутун, веќе вратени од берба. Сите се прашуваа што се случило. Татко ми го вклучи радиото очекувајќи да слушне некаква информација – секој ден програмата почнуваше во 5 часот, но сега беше молк. Некаде околу 7 часот се слушнаа првите зборови. Така дознавме дека во Скопје имало разурнувачки земјотрес. На радио се емитуваше само сигналот на Радио Скопје, неколку тактови од композицијата „А бре, Македонче“, па потоа молк, па потоа повторно сигналот, и пак, и пак. Не се сеќавам дали истиот ден, или утредента, меѓу две емитувања на сигналот почна читање на списоците со имињата на погинатите. Јас и брат ми, деца, сфативме дека нешто страшно се случило кога во еден момент татко ми, седнат покрај маса, го покри лицето со двете раце, ја спушти главата на масата и почна да липа. Истиот ден попладне отиде за Скопје, а ние со мајка ми останавме кај тетка ми. Утредента татко ми ни јави дека на нашата зграда, во центарот на градот сосема е урнат еден од ќошевите. На сите 3 ката во тој ќош беа детските соби. Да се вратевме во Скопје спрема планираното, веројатно дека и нашите имиња, на брат ми и моето, ќе беа на списокот загинати. Голема среќа беше што и од другите два ката децата беа на одмор, па така во нашата зграда немаше жртви. Зградата подоцна ја урнаа.

Официрски дом, 16.11.1963, фото – Александар Петковски
Непозната локација, фото – Александар Петковски

Виолета Черепналкоска: Кулите на Бит-пазар се покажаа јаки

Живеевме на Бит-пазар, во кулите, но се покажаа јаки, го издржаа земјотресот, па безбедно се симнавме од шестиот кат. Татко ми утрото беше заминат по риба. На гаражата падна ѕид од соседната куќа, но колата беше со рибарот. Кажуваше дека и тој ја почувствувал јачината на земјотресот, иако бил подалеку од Скопје.

Сунчица Капсарова: Се разбудив затрупана со малтер и тули

Имав само три и пол години, но јасно се сеќавам на тоа кобно утро. Се разбудив затрупана со малтер и тули, но среќа, неповредена. До мене беше и мајка ми. Татко ми бил станат за на работа, па веќе бил надвор. Живеевме во Чаир и врз нашата куќа беше урната повисока куќа во градба. Татко ми, со помош на соседите, ископа дупка и ме извлече. Се случи уште еден потрес, па мораше одново да копа за да дојде до мајка ми. За среќа, останавме сите здрави и живи. И денес се сеќавам на вкусот на прашината од малтерот во устата.
Се сеќавам, насекаде имаше избезумени луѓе. Многу прашина, немаше вода. Неколку денови спиевме на отворено, а потоа нас децата, организирано нè испратија по баби, тетки, роднини.

Непозната локација, фото – Александар Петковски

Аница Буквиќ: Татко ми сосе кревет слетал на тлото

Татко ми живеел на најгорниот кат на ул. „Орце Николов“ и сосе креветот слетал на тлото. Ова е слика непосредно по неговото преживување тоа страшно утро.

Мирослав Буквиќ, роден во Скопје 1940, фото – приватна архива

 

Продолжува

 

Слични објави

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....