13:18 - 30 јануари, 2026

СИНОТ НА АКИ СО ЕМОТИВНА ОБЈАВА: Кристијан Рахимовски откри што му кажал татко му пред неколку дена

кристијан рахимовски

Кристијан Рахимовски за првпат проговори по смртта на неговиот татко Аки, посветувајќи му емотивна објава.

АКИ РАХИМОВСКИ ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН ВО ЗАГРЕБ: Со сопругата со години живееле во Словенија

„Татко, прерано замина. Прерано. Луѓето велат дека Господ така сакал… Си бевме повеќе песна отколку збор, не знаеше за друг начин, не знаеше да се симнеш од таа сцена во твојата глава, па ти приоѓав само со песна. Можевме многу повеќе татко ми. Болиш неописливо“, напиша Кристијан.

„Утеха е што ќе имам барем дел од тебе во своите песни, како и во она што ми го остави. Но, тоа сега не ми е доволно… Луѓето знаеја се за нас, а ништо не знаеја. Знаевме јас и ти… Недостасуваш татко, на сите ни недостасуваш. Татко одмори сега, па рокај горе со екипата“, рече тој, заблагодарувајќи им се на сите за поддршката.

СИ ЗАМИНА АКИ РАХИМОВСКИ, МАКЕДОНСКО-ХРВАТСКИ ПЕЈАЧ: За малку нежност, можам да заспијам!

Тој откри и што му кажал неговиот татко неколку дена пред неговата смрт.

„Луѓе мои, во име на целото семејство Рахимовски ви благодарам на сите за зборовите за поддршка, за сите пораки, јавувања… Тој ви значеше и вам затоа што беше голем, како и Оли недопирлив. Татко ми пред неколку дена ми рече: „Сине и јас тебе те сакам, ајде бегај таму, се гледаме“. Ќе се видиме тато, еден ден… Поздрав тато, те сакам… Се гледаме…“, напиша Кристијан во својата објава.

Аки Рахимовски вчера почина на 67-годишна возраст.

Слични објави

(Фото) Прослава во семејството Гудељ: Балони, конфети и емотивна порака – „Избрав пат што никогаш не би го менувал!“

Еспресо

(Фото) Како грчка божица: Нина Бадриќ ги остави сите без здив во бел свилен фустан

Еспресо

Едита Арадиновиќ има здравствени тегоби во бременоста: „Сѐ ме снајде, само уште вода во колената немам“

Еспресо

(Фото) Безобразно позира: Ѓина Џиновиќ во тесен фустан со прорез ги истакна бујните атрибути

Еспресо

(Фото) Ела Дворник направи драстична промена на изгледот предизвика лавина реакции, се огласи и Северина

Еспресо

Дневен хороскоп за 30 јануари: Ослободете се од грижите

apostolova
Се вчитува....