21:55 - 22 декември, 2024

Што треба, а што никако не смеете да правите ако ве касне змија?

Што се однесува до брзината на реакцијата при гризнувањето на змија отровница, клучниот збор е „брзо“. Дури и каснувањето од многу отровни змии, какви што не постојат во Европа, може да се преживее со соодветна медицинска нега со релативно мали последици.

На нашите подрачја живеат неколку видови змии, од кои три се отровни – поскок, шарка и остроглава шарка, додека останатите се безопасни. Овие три отровници се помалку отровни од африканските или азиските змии, како што се кобрата или црната мамба, па нивниот загриз ретко кога е смртоносен. Поскокот е поотровен од останатите. Поскокот важи за најопасна змија во Македонија и цела Европа поради големината, долгите заби (до 13 мм) и јачината на отровот. Шарка – змија отровница од родот шарки (vipera) е многу распространета во светот, вклучувајќи ја Македонија. Отровот го вбризгува со каснување, преку жлебот на отровниот заб. Делува бавно и не е многу силен, но сепак, може да усмрти и човек. Остроглавата шарка во Македонија се среќава во северниот и североисточниот дел на земјата.

Што да направите ако ве касне змија?

Опасни се само каснувањата од отровни змии. Поскокот е многу отровен и некои каснувања, особено ако не се лекуваат, можат да завршати и со смрт. Отровите на нашите змии се претежно хемотоксични – тие директно ги уништуваат ткивата и предизвикуваат нарушувања на циркулацијата на крвта. Првите симптоми по каснувањето се болка од убодот на забите и отекување. Тоа набрзо се шири од местото на загризот и може да ја зафати целата рака или нога. Подоцна доаѓа до модринки, несвестица, повраќање, а понекогаш и „пецкање“ на местата оддалечени од каснувањето. Ако набрзо по загризот се појави несвестица, забрзано чукање на срцето, отекување на усните, на подрачјата околу очите или дури и гушење, повредениот треба веднаш да се префрли во најблиската болница. Всушност, многу научници и лекари се согласуваат дека вистинската опасност од отровот на змијата лежи во неговата алергичност. Алергиската реакција може да усмрти човек побрзо отколку самата токсичност. Статистички, околу 1/3 од каснувањата на змиите отровници се т.н суви каснувања, односно отровниците не вбризгнуваат отров. Ќе знаете по отокот. Ако се појави рана покрај отокот, однесете го повредениот директно во болница.

Често може да се прочита дека раната треба да се засече и да се исцица. Сосема погрешно! Засекувањето на гризнатото место само ја влошува состојбата. Алкохолот ги шири крвните садови и само го забрзува ширењето на отровот. Не пијте никаков алкохол по каснувањето од змија, дури ниту за храброст!

Што се однесува до брзината на реакцијата при гризнувањето на змија отровница, клучниот збор е „брзо“. Дури и каснувањето од многу отровни змии, какви што не постојат во Европа, може да се преживее со соодветна медицинска нега со релативно мали последици.
Како да препознаете рана од каснување од змија
На местото на гризнувањето (раната) се гледаат две дупчиња од змиски заби. Понекогаш постои само една раничка. Самите загризни рани не мора секогаш да значат дека змијата го вбризгала и отровот во жртвата. Кај дури 22 отсто од докажаните каснувања од змија (рани) немало знаци на труење.

Знаци на труење (не мора сите да бидат изразени)

• Вртоглавица
• Повраќање и мачнина
• Болка и оток на местото на раната
• Оток на лимфните жлезди во препоните доколку гризнувањето (раната) е на ногата, или во пазувите доколку раната е на раката.
• Шокот е најопасна последица на гризнувањето од змија!
Постапка во случај на гризнување од змија
• Лицето што е гризнато од змија треба да мирува.
• Имобилизирајте ја ногата или раката на која се наоѓа раната. Со тоа се забавува ширењето на отровот во организмот.
• Потребно е колку што е можно побрзо превезување на гризнатот лице до болница
Имобилизацијата е постапка со која повредениот дел од телото се става во состојба на мирување. Во рамките на прва помош се спроведува привремена (транспортна) имобилизација. Нејзината цел е да спречи влошување на повредата и да се намали болката за време на превозот до болницата.
Во состојба на мирување се става гризнатиот (ранетиот) дел од раката или ногата и двата соседни зглобови. Ногата се имобилизира во испружена (исправена) положба (повредениот мора да лежи), а раката треба да биде свиткана во лактот и доближена до телото.

Најчести грешки кои никако не смеете да ги правите:

– НЕ го преврзувајте гризнатиот екстремитет.
– НЕ ја допирајте/засекувајте раната.
– НЕ обидувајте се да го извадите отровот (не го шмукајте, односно не цицајте го отровот).
– НЕ ставајте мраз на местото на раната.

Превенција од гризнување од змија

Некои гризнувања, како оние кога случајно ќе згазнете врз змија, речиси е невозможно да се спречат. Меѓутоа, постојат мерки на претпазливост, кои можат значително да ја намалат можноста да ве гризне змија:

– Оставете ја змијата на мир. Многу луѓе кога ќе бидат каснати, се обидуваат да ѝ наштетат, да ја убијат змијата или уште повеќе да ѝ се приближат. Змиите најчесто бегаат, а само во исклучителни случаи напаѓаат.

– Избегнувајте висока трева доколку немате соодветна облека (дебели кожени чизми), туку движете се по веќе постоечките патеки.

– Рацете и нозете не ставајте ги на места кои не се прегледни (на пример, немојте да ја протнувате раката во грмушка или зад некој камен).

– Не кревајте камења или парчиња дрва ако не сте доволно оддалечени од потенцијален напад на змија.

– Бидете особено внимателни и подготвени ако се искачувате по карпи.

Прва реакција при гризнување од змија!

Ако змијата не е отровна, раната треба да се исплакне со многу вода, да се намачка со антибиотска маст и да се завитка во завој. Треба да се провери кога лицето последен пат било вакцинирано против тетанус, и, ако поминале повеќе од пет години, потребна е ревакцинација.
Кога постои сомневање за змија отровница, гризнатото лице мора строго да мирува, односно треба да се избегнува и најмало движење, а раката или ногата на која се наоѓа раната од гризнувањето треба да се имобилизира. Не се препорачуваат обиди за цицање на отровот на гризнатото место! Подврзувањето над раната (над гризнатото место) исто така не се препорачува и не се применува, бидејќи може да доведе до компликации. Евентуалната компресија ја вршат специјално обучени здравствени работници во вонредни случаи.

 

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....