8.8 C
Скопје
10:29 - 30 март, 2026

Што да (не)правите на денот на Света Ана: Трудниците не треба да се прејадуваат

На денешен ден православните ја слават Света Ана, мајката на Дева Марија. Според легендата, токму на денешен ден таа ја зачнала Дева Марија.

Во далечното минато, овој ден се нарекувал и Темна Ана зашто се верувале дека од 22 декември започнуваат најтемните ноќи во годината.

Според народните верувања, забраните на овој ден најмногу се однесуваат на трудниците. Така, на пример, на овој ден трудниците не треба да се прејадуваат. Ако здравјето дозволува, тогаш добро е да се пости на 22 декември. Тогаш нероденото дете ќе биде здраво и паметно.

Исто така, идните мајки не треба да држат остри или жешки предмети во рака. Нашите предци предупредија: ако се повредите или изгорите на 22 декември, тоа ќе му нанесе сериозна штета на бебето.

Жените пак, кои веќе имаат деца на денешен ден не треба да се колнат во деца. Во спротивно, во нивната куќа ќе има чести кавги – со родителите, со брачниот другар, и со децата.

На 22 декември не се препорачува да се подигнуваат паднатите вилушки или ножеви од подот – тие ќе бидат проводник на негативност, велат народните верувања. Според нродните верувања, на денешен ден е недозволиво да не се грижите за сопственото здравје, на пример, да бидете изложени на промаја. Се верувало дека ако на 22 декември несовесно се однесувате со сопственото телото, може да се разболете.

Покрај народните верувања, со овој ден има се поврзани и нумеролошки верувања бидејќи датумот 22.12.2022 година, според нумеролозите, се смета за магичен. Што да направите за да привлечете среќа, прочитајте ТУКА.

Слични објави

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо
Се вчитува....