15.8 C
Скопје
16:45 - 25 септември, 2026

Шпански бизнисмен тврди дека бил таен љубовник на кралицата Летиција: Скандалот е поголем што тој ѝ е поранешен зет

Хаиме дел Бурго бил сопруг на сестрата на шпанската кралица.

Поранешниот зет на кралицата Летиција, кој беше во брак со нејзината сестра Телма, лансираше сензационално тврдење дека имал афера со кралицата откако таа се омажила за кралот на Шпанија. За ова пишува Дејли Мејл.

Шпанскиот бизнисмен Хаиме дел Бурго тврди дека има докази за романсата со шпанската кралица Летиција. Хаиме претходно беше во брак со сестрата на Летиција, Телма Ориц.

Поранешниот зет на кралицата Летиција сензационално тврди дека бил во врска со кралското семејство пред да се ожени со нејзината сестра Телма и сподели досега невидена фотографија како „доказ“ за нивната романса. На фотографијата кралицата позира во неговата бања, а очигледно е дека веќе е бремена од Филипе, кралот на Шпанија.

„Љубов. Го носам твојот шал. Ме прави да се чувствувам како да си до мене. Се грижи за мене. Ме штити. Ги бројам часовите додека повторно се видиме. Те сакам“, пишува во пораката која наводно му ја испратила Летиција на Хаиме.

Портпаролот на шпанското кралско семејство изјави: „Немаме коментар за ова“.

Скандалот излезе во јавност само неколку недели откако Хаиме, кој беше во брак со сестрата на Летиција, Телма, од 2012-2014 година, изнесе низа обвинувања за неговата врска со кралицата за книгата „Летиција и јас“ потпишана од познатиот шпански новинар Хаиме Пењафиел.

Шпанските медиуми пишуваат дека Дел Бурго планирал да ја запроси Летиција, но таа му ги променила плановите кога се изјанила дека излегува со Фелипе, кој во тоа време сè уште бил престолонаследник.

Зборувајќи за El Cierre Digitial, 91-годишниот автор на книгата објасни дека Летиција била „големата љубов“ на Хаиме дел Бурго и дека врската на двојката се претворила во „големо пријателство“ откако таа се впуштила во романтична врска со кралот Фелипе.

 

Слични објави

„Агонијата трае 15 години“ — Гоца Тржан првпат му одговори на Иван Маринковиќ за ќерката Лена

E.A.

Ана Бекута искрено за односот со Цеца Ражнатовиќ – откри зошто ја отследила од Инстаграм

Еспресо

(Фото+видео) Наташа Беквалац до зори го славеше 46. роденден – меѓу гостите беше Пријовиќ која ѝ запеја на славеничката

Еспресо

Ова се новите евровизиски претставници: Лила Филиповска ги најави двата нови албума на „Бендот на браќата Нуне“

М. Џ.

Моминска вечер што ќе се памети – Резервирајте термин во Villa Diva и прославете со стил

Еспресо

(Видео) „Би сакал да ги кријам партнерите но не ми успева“: Сергеј Варошлија искрено за љубовта

Еспресо
Се вчитува....