16:45 - 1 септември, 2026

Шокантно признание! Пејачот откри детали од неговата љубовна врска со Јелена Розга: „Да, вистина е…“

Пејачот Џулијано Ѓаниќ е во брак повеќе од 23 години со балерината, инструкторка по танц и кореографка Кристина Ѓаниќ, со која го доби синот Марко, во 2004 година.

Сопругата на Џулијано му е голема поддршка, а самата таа имаше музичка кариера во составот „Неки то воле вруќе“, во која беше членка од 1995 до 2000 година, а глумеше и во музичкиот спот за нивната песна „Опасан план“.

Иако ретко зборува за својот приватен живот, сплиќанецот Џулијано им ги откри своите пикантерии на водителките Маријана Батиниќ и Петра Нижетиќ во „MaPet show“.

„Да, вистина е дека бев во врска со Розга, бевме деца, Јелена е супер девојка“, потврдил Џулијано, а пренесе „Тпортал“.

Да потсетиме, Јелена Розга не крие дека ја обновила врската со Иван Хуљиќ, син на Тончи Хуљиќ, по 10 години.

„Не сум лута на моите соседи што ја открија мојата врска со Иван. Можеби би рекла и дека се видов со некого. Не дека се криевме. Едноставно не сакам да зборувам за тоа јавно, сакам да го чувам за себе, сакам да живеам што е можно потивко. Не сакам постојано да се појавувам, никогаш не сум била таква и функционирам така 30 години, па не би сакала да го променам тоа“, рече таа.

Таа беше во врска со Иван пред 10 години, а за обновата на нивната љубов, вели дека така требало да биде.

„Таа љубов отсекогаш постоеше. Само што имаше некои други околности, па малку се разделивме, а сега повторно сме заедно и никогаш не сме биле посреќни“, истакна таа за српски „Блиц“.

Слични објави

Манастирот „Св. Никита“: Седум века историја, прочуени зографи и камен за кој се верува дека исполнува желби

Т.Ц.

(Фото+видео) Концертот на Северина во Карловац доживеа пех, а еве како се снашле

Еспресо

(Фото) Теодора Џехверовиќ ужива на Истра – го покажа своето извајано тело во бикини, па седна на кормило

Еспресо

(Фото) Сара Јо и Алексеј Бјелогрлиќ уживаат во љубовта – пејачката сподели интимни моменти од одморот

Еспресо

Анастасија Ражнатовиќ со Немања и нивниот син си замина од Севиља – еве зошто го напуштаат семејниот дом на една година

Еспресо

(Фото) Ава Карабатиќ е непрепознатлива – драстично го промени својот изглед, никогаш досега не сте ја виделе ваква

Еспресо
Се вчитува....