22:47 - 1 април, 2025

ШОКАНТНО ПРИЗНАНИЕ на германска пратеничка: Разузнувачите знаеја за сите криминални дејства на Хашим Тачи уште од 2005 година и продолжија да го поддржуваат!

Севим Дагделен е германска пратеничка од Левицата која објави дека Сојузната германска влада уште во 2005 година преку разузнавачката агенција БНД знаела за поврзаноста на Хашим Тачи со организираниот криминал и шверцот на органи на Косово, но ништо од ова не ги спречило да продолжи да го поддржува Тачи и неговата администрација.

– Левицата секогаш го критикуваше признавањето на косовското отцепување по НАТО агресијата врз Југославија, што беше спротивно на меѓународното право, вели Дагделен, пренесува „Новости“.

Таа не очекува Сојузната влада да ја исправи својата грешка и истакнува дека Косово е признаено од страна на „исламистите како Ердоган или диктатурата во Саудиска Арабија, но не и од сите членки на ЕУ“.

Таа истакнува дека задача на одговорните обвинители е да ја докажат вината на обвинетите за воени злосторства, кои вклучуваат и мачење и убиства на стотици Срби.– На одговорните судии останува одговорните да ги одведат до праведна казна. Не само за убиствените банди на косовско – албанската ОВК, која дејствуваше како копнена војска на НАТО во 1999 година, туку и оние одговорните за агресијата од самите НАТО држави како Бил Клинтон, Тони Блер и Герхард Шредер со неговиот министер за надворешни работи, Јошка Фишер. Кршењето на меѓународното право и поддржувањето на злосторствата на ОВК од страна на окупаторските сили на НАТО повеќе не смеат да останат неказнети, наведува таа.

Севим Дагделен, пратеничка од Левицата во германскиот Бундестаг/ Фото: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

Германската пратеничка наведува дека ЕУ постапува со земјите од Балканот како да постои политика на „европски заден двор“.

– Тоа е неприфатливо, посебно во односите со Србија на која признавањето на Косово и се наметнува како предуслов за пристапување кон ЕУ, додека ниту сите членки на ЕУ не ја признаваат еднострано прогласената независност, вели Дагделен за „Новости“.

Таа смета дека со „признавањето на сецесијата на Хрватска и Словенија, на поттикот на германската надворешна политика од раните деведесетите, е отворена Пандорината кутија“.

– Меѓународното право е тешко нарушено, а територијалниот интегритет и суверенитет се подриени по нечија волја. Не е предвидливо дека ЕУ ќе се спротивстави на едностраното поместување на границите во Европа. Меѓународното право се занимава со нешто по порачка, т.е. во зависност од можното геополитичко стекнување на предност, објаснува пратеничката од германската Левица.

Таа наведува дека „поради непријателства и закани“ и натаму е со полициска заштита, но дека и натаму ќе говори за ситуацијата на Косово, поврзаноста на политиката и криминалот.

– Затоа помалку сум загрижена за себе отколу за безбедноста на можните сведоци во процесот за воени злосторства во процесот против Тачи и Весели. Специјалниот суд за Косово мора да обезбеди можните сведоци да не бидат заплашувани или пак убиени, како во случајот со Харадинај“, вели пратеничката во Бундестагот.

Извор на објавата: slobodenpecat.mk со претходна дозвола од порталот

Слични објави

(Фото) Тројна среќа: Горан Папаз сподели преслатка слика со трите близнаци!

Еспресо

Тајната е откриена: Колкава алиментација плаќал Драган Којиќ Кеба?

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се соблече во бикини: Пејачката ги „искара“ луѓето на плажа!

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац на тренинг: Еве како пејачката ја доведува линијата до совршенство

Еспресо

(Фото) Вака Дара Бубамара ја „киднапираше“ песната од евровизиската претставничка на Кипар: На површина испливаа детали!

Еспресо

Љубовницата на Бекам со шокантна исповед: Не бев единствената со која ја изневери Викторија

Еспресо
Се вчитува....