9.8 C
Скопје
13:00 - 31 март, 2026

Шокантни детективски сведоштва за аутопсијата на Мајкл Џексон: Што навистина било откриено по смртта на кралот на попот

Новиот документарец за Мајкл Џексон содржи сведоштва на тројца детективи.

Нови детали за последните денови на легендарната поп ѕвезда, Мајкл Џексон, сè уште се појавуваат и тоа дури 14 години по неговата смрт.

Документарниот филм насловен „Killing Michael Jackson“, во режија и продукција на ZigZag, веќе направи бум на социјалните мрежи и платформи. Во него се прикажани сведоштвата на тројцата детективи вклучени во истрагата за смртта на музичарот.

Документарецот открива интригантни аспекти од аутопсијата на Џексон, расветлувајќи ги причините за неговите различни лузни на телото.

Според документарецот, се открива дека кралот на попот бил и сосема ќелав и користел перика за тоа да го скрие.

Сепак, најголемо внимание привлекуваат неговите лузни кои му се пронајдени низ целото негово тело.

Лузните биле лоцирани на фрапантно многу делови од телото: на ушите, на носот, на вратот, на зглобовите на рацете и нозете и на задниот дел на рамениците.

Се верува дека овие лузни се резултат на бројните естетски операции на кои Мајкл Џексон бил подложен во текот на својот живот во обид да го подобри својот изглед.

Ненадејната смрт на Џексон на 50-годишна возраст на 25 јуни 2009 година предизвика шок низ целиот свет. Официјалната причина за смртта на Мајкл Џексон е утврдено дека е срцев удар предизвикан од предозирање со седативи кои тој редовно ги консумирал.

 

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо
Се вчитува....