20.8 C
Скопје
19:25 - 27 април, 2024

Шанен Доерти: Морбидните теории ја натераа Кејт Мидлтон да објави дека има рак

Шанен Доерти остро ги нападна теоретичарите на заговори кои деновиве имаа многу да кажат за Кејт Мидлтон и нејзиното исчезнување од очите на јавноста.

Ѕвездата од Беверли Хилс, која и самата се бори со ракот, и изрази поддршка на принцезата. „Да се ​​биде јавна личност не значи дека јавноста ја поседува таа личност. Сите имаме право да поминеме низ болест или животот приватно“, започна Шанен.

„Лавината на теории на заговор и морбидната љубопитност ја натераа оваа личност да се изјасни уште пред да се помири со тоа и пред да им објасни на своите деца“, продолжи таа.

„Се молам ова да е момент од кој ќе научиме да ја почитуваме приватноста на другите, без разлика што се јавни личности“, додалва актерката, а потоа и испрати порака на принцезата.

„И, Кејт, се восхитувам на твојата сила да ги издржиш бескрајните напади додека се бориш со рак“, вели актерката, која неодамна изјави дека резултатите од нејзиниот третман за ракот со кој се бори и кој е во четврта фаза ѝ дале надеж за иднината.

„Нема да кажам точно што е тоа, но јас сум на нова инфузија за рак и по четири третмани навистина не видовме разлика. Сите сакаа да се откажам, но јас реков дека ќе продолжиме со тоа и ќе видиме како ќе биде. И, да, по шестиот или седмиот третман, видовме дека ја руши крвно-мозочната бариера. За мене, тоа е чудо“, неодамна изјави глумицата за новата терапија со која се бори против ракот.

Потсетуваме, Кејт Мидлтон завчера објави дека има рак. Таа 1 се обрати на јавноста во емотивна видео порака во која откри дека дијагнозата го „потресе целото семејство“ и дека таа и Вилијам „прават се што можат за да го процесираат ова и да го решат приватно за доброто на семејството“.

„Ни требаше време да им објасниме сè на Џорџ, Шарлот и Луис на начин што им одговара и да ги увериме дека ќе бидам добро“, додаде таа во видеото снимено во семејната градина.

Ракот на Кетрин беше откриен дури откако таа беше подложена на операција на абдоменот во клиника во Лондон во јануари. Палатата Кенсингтон соопшти дека нема да објавува детали за тоа каков тип на рак има принцезата или во која фаза е, и побара од јавноста да не шпекулира.

Слични објави

Таткото положи цвеќе, вдовицата ја нема! Миша Гроф ја одбележа годишнината од смртта на синот, Николина Пишек не била информирана

Еспресо

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо

(Фото) Силни зборови на Драгана Мирковиќ по разводот: „Многу сум посилна отколку што мислев, се сакам новата себе!“

еспресо
Се вчитува....