09:32 - 11 април, 2026

Шакира одговори на гласините за врската со Том Круз: „Тој беше многу фин…“

Извор од опкружувањето на Шакира раскажа како пејачката реагирала на гласините за нејзината наводна романса со Том Круз, пренесува US Weekly.

Според упатениот извор, Шакира не сака љубовна врска со Том Круз.

„Шакира одлично се забавуваше со Том на Ф1, но не е заинтересирана да излегува со него. Тој беше многу фин и таа уживаше во неговото друштво, но во моментов не е заинтересирана да излегува со него или со некој друг. Таа има многу нешта пред неа што треба да ги направи, сега е фокусирана на децата и на кариерата “, тврди изворот.

Инсајдерот додаде дека пејачката гласините за нејзината романса со актерот ги смета за ништо повеќе од „забавна“.

„Шакира дозна од Интернет дека Том ѝ се додворува и како фановите навиваат за нивна романса, но, таа мисли дека тоа е смешно. Таа едноставно се забавуваше кога разговараа, и тоа беше тоа “, вели инсајдерот.

Шакира (46) оваа недела предизвика гласини за романса со Том Круз (60). Ѕвездите се појавија заедно на Формула 1 трката во Мајами. Подоцна медиумите објавија дека актерот бил „крајно заинтересиран“ за врска со пејачката, па затоа ѝ испратил голем букет рози.

Претходно, странските медиуми пишуваа дека Том Круз е „лудо заинтересиран да ја придобие“ Шакира.

(Фото) Сите се „уловија“ на Том Круз, а Шакира е „уловена“ на втора средба ама со Луис Хамилтон: Овојпат на јахта!

 

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....