6.8 C
Скопје
02:50 - 22 март, 2026

ШАКИРА БИЛА НАПАДНАТА ОД ДИВИ СВИЊИ: Се шетала со нејзиниот син во Барселона

Поп-пејачката Шакира била жртва на диви свињи додека шетала во парк во Барселона со својот 8-годишен син, пишува „Би-Би-Си“.

Колумбиската пејачка тврди дека животните ја нападнале, ѝ ја земале чантата.

„Погледнете како ме нападнаа диви свињи во паркот и во каква состојба ми ја оставија торбата. Во неа ми беше мобилниот телефон. Уништија сѐ, но на крајот си ја вратив торбата“, вели пејачката во видеото што го сними за социјалните медиуми, а потоа му се обрати на својот 8-годишен син Милан: „Милан, кажи ја вистината. Кажи како мајка ти им се спротивстави на дивите свињи“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Дивите свињи се сѐ почести во Барселона, како и во многу други европски градови. Во Барселона, некои луѓе дури и ги хранат овие животни, и покрај фактот дека тоа е забрането.

„Животните се многу интелигентни и ако видат некого со торба, мислат дека има храна во неа“, изјавил ловецот Тони Галијано за списание за лов неодамна по друг инцидент во Барселона, кога еден човек бил нападнат и каснат од една дива свиња.

Уште во 2016 година, шпанската полиција објави дека имала 1.187 повици за диви свињи кои напаѓаат кучиња, го блокираат сообраќајот или трчаат пред автомобили.

Слични објави

(Фото) Ја нарекуваат босанската Адријана Лима: Младата водителка на временска прогноза станува сè попопуларна

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Брижит Бардо стана симбол на сексуалната слобода со овој филм од 50-тите, кој беше забранет во неколку држави

Еспресо

12 животински знаци, 12 совети: Откријте што сте во кинескиот хороскоп

Еспресо

Мистериозниот дечко на Дара Бубамара со приватен авион пристигна во Црна Гора од Дубаи

Еспресо

(Видео) Вака изгледа кога Јелена Розга и Нина Бадриќ спонтано ќе ги спојат гласовите!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....