12.8 C
Скопје
18:10 - 3 април, 2026

Северина „удри“ на Душко Тошиќ со тешки провокации: Што ќе каже Карлеуша на ова?

Северина не престанува да го провоцира Душко Тошиќ, а за тоа користи зборови од преписката, која неодамна ја виде светлината на денот.

Бракот на српската Јелена Карлеуша и нејзиниот сопруг, поранешниот фудбалер, а сега фудбалски менаџер Душко Тошиќ, веќе неколку години е на разнишани нозе, како што неколкупати истакна и самата пејачка.

И покрај тоа, тие двајца се уште се во брак и живеат заедно во вилата на Дедиње, а Јелена ја шокираше целата јавност кога на социјалните мрежи ги објави пораките кои нејзиниот се уште легален сопруг и ги испратил на хрватската пејачка Северина Вучковиќ.

принтскрин

Имено, Северина на Јелена ѝ ја испратила преписката со сопругот, наводно со цел да ја испровоцира, а преписката пак на социјалните мрежи ја објави Јелена очигледно лута на Душко. Во пораките се гледа дека Душко е тој што инсистира да се сретне и да пие кафе со Северина, која му одговорила со строг тон, а во еден момент му вели дека не сака да ѝ пишува.

Северина не престанува да го провоцира Душко Тошиќ, а за ова користи зборови од преписката, која неодамна ја виде светлината на денот.

Така таа одговори на бројните коментари на нејзините следбеници под нејзината последна објава, а во одговорите на прашања употреби идентични реченици од преписката со поранешниот фудбалер.

– Пријател му прави 18 роденден на синот. Го работип ли тоа? Дали се работи? Пиеме ли? Ќе се запознаеме! Добро утро С.- ова се само дел од коментарите, на кои Северина одговараше исто како што му одговараше на сопругот на Јелена Карлеуша:

– Дали му работам роденден? Не, пејам – да. Ама не се познаваме… Како? – во коментарите напиша Северина.

(Фото) Ражњатовиќ или Гудељ, еве за кое презиме се одлучи Анастасија

 

Слични објави

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.
Се вчитува....