14:16 - 13 ноември, 2026

Сестрата на Северина сериозно ја обвинува пејачката: „Таа конзумира наркотици, ме избоде и не се јави во Итна помош“

Северина тврди дека е жртва на нејзината сестра, но Маријана негира и вели дека е во многу тешка состојба.

Сестрата на Северина, Маријана Поповиќ за хрватска Дневник Нова ТВ ја раскажа својата страна од приказната за тепачката која се случила во станот во Сплит. Тепачката се случила пред очите на нивната мајка, по што загрепската полиција ден потоа ја одвела пејачката на разговор во полициска станица, пренесуваат хрватсите медиуми.

Северина тврди дека е жртва на нејзината сестра, но Маријана тоа го демантира и вели дека е во многу тешка состојба.

„Исклучително сум потресена од убистениот нагон на семејно насилство и не сакам да ги коментирам платените и срамни текстови од страна на ПР тимот на дотичната“, вели Маријана и продолжува – „Тешко е за семејство со некој кој долго време консумира разни наркотици и не сака да подлежи на психолошка поддршка и третман. Проституирањето на сопствената личност во медиумите на штета на имиџот на семејството е уште еден девијантен психолошки пат на дотичната“, објаснува Маријана и продолжува со подеднакво обвинувачки тон. „Постојано напаѓање на семејството, наставниците, социјалните работници, поранешните партнери… Не е тоа чиста глава,  а институциите не направија ништо по моето уредно писмено барање и предупредување во изминатите четири месеци“, пренесува „новилист“.

Маријана тврди дека во неколку наврати добивала заканувачки телефонски пораки. Таа вели дека ги доставила до сите институции.

„Ова сега е последица на немарност на институциите“, вели понатаму Маријана која наведува дека се бранела од остар предмет и се здобила со убодна рана од „агресивна и ментално болна личност“, дополнувајќи дека „да се ​​избоде член на семејството и да не се јави на Итна помош е план со кој таа дошла да го направи тоа“.

“Бедна е државата која им дозволува на вакви личности јавно да делуваат“, заклучува сестрата на Северина.

Адвокатката на Северина, Јасмина Билош, синоќа рекла дека Северина не е уапсена туку дала своја изјава во полиција поради пријава од нејзината сестра. И пејачката планира да поднесе пријава против својата сетсра, пренесуваат хрватските медиуми.

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....