14:22 - 27 ноември, 2026

Сестрата на Кејт Мидлтон, Пипа мајка по трет пат: девојченце е!

Помладата сестра на Кејт и нејзиниот сопруг Џејмс Метјус го дочекаа своето трето дете, кое дојде по Артур и Грејс. Името на малото девојче се уште е строго доверливо. Во меѓувреме, во тек се подготовките да го напуштат Лондон и да се преселат во Беркшир, каде штотуку купиле имот од 15 милиони фунти.

Третата ќерка на Пипа Мидлтон е девојче. Помладата сестра на војвотката од Кембриџ и сопругот Џејмс Метјус го дочекаа бебето пред две недели, објави People, иако веста протече дури во последните неколку часа.

Пипа се породи во болницата Сент Мери во Лондон, каде што е роден и нејзиниот првороден Артур Мајкл Вилијам, во 2018 година, а нејзината второродена Грејс Елизабет Џејн, во 2021 година, е родена во истата болница која ја избра и Кејт Мидлтон.

Не е соопштен точниот датум на раѓање, како и името на детето, но со оглед на изборот на имињата на постарите браќа, тоа сигурно ќе биде класика, секако име поврзано со семејната традиција.

Раѓањето на бебето доаѓа за нешто повеќе од еден месец од единствените јавни фотографии на Пипа со труднички стомак. 38-годишната Пипа, всушност, бременоста ја помина во најстрога тајност и дури на почетокот на јуни, по повод прославата за платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, за прв пат се покажа во труднички фустан. .

Слични објави

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....