23.8 C
Скопје
10:29 - 8 септември, 2026

Сергеј Трифуновиќ пред скандалот со сопругата: „Не сакав да правам семејство со кој било“

Сергеј Трифуновиќ оваа година ѝ го кажа судбоносното „да“ на 23 години помладата Исидора Мијановиќ и првпат јавно проговори за бракот со неа.

Бидејќи претходно изјави дека се гледа себеси како дедо опкружен со многу деца, внуци, со баба што ја сака, водителот на една емисија во која гостуваше Трифуновиќ го праша дали е така и сега.

„Верувам дека да, од милион причини. Многу е чудно, јас сакав семејство и сметав дека тоа е врв на оствареност на еден човек и никогаш не бев подготвен тоа семејство да го правам компромисно, со кој било, колку да имам семејство, па така само можам да кажам благодарам на севишниот и што се појави личност со која е тоа апсолутно можно.

„Се коментира разликата во години, има ли тоа некаква врска со љубовта?“ – забалежува водителот, мислејќи на Исидора која е 23 години помлада од Сергеј.

„Коментарите немаат никаква врска со љубовта, со љубовта има само исклучиво она што се случи меѓу мојата венчана сопруга и мене. Тоа е тоа“, рече глумецот и прокоментира дека се променил:

„Сосема е сигурно дека има вистина во тоа дека сум се променил, бидејќи мислам дека е многу глупаво човек да не се менува. Секојдневно ја менуваме нашата ДНК, а не самите себе и нашите навики, ако, се разбира, сме паметни. Веројатно да, се променив, и веројатно тоа беше тој момент „кога ќе ја средиш куќата, тогаш се појавува гостинот“. Навистина почнав да ја чистам куќата речиси една година пред да се појави гостинот, верувам дека ова е чисто резултат на тоа. Да не ги засукав ракавите да ја средам куќата, дали воопшто ќе се појавеше гостинот? Но, јас го направив тој напор и фала богу дека е така – изјави тогаш актерот во емисијата „360 степени“.

Да потсетиме, Трифуновиќ во полиција ја пријавил сопругата Исидора, која е 23 години помлада од него, за наводно семејно насилство. Мијановиќ е осудена на парична казна, а наводно ќе биде депортирана во родната Хрватска.

 

Слични објави

Сите благодети на морската сол – содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето, кожата и косата

Т.Ц.

Тага и солзи: Росана со лична приказна за Маријана

Еспресо

Дневен хороскоп за 8 септември: Не избрзувајте во донесување на одлуките

apostolova

Ана Бекута по 12 години го напушта жирито на „Ѕвездите на Гранд“: Еве кој би можел да ја замени

Еспресо

(Фото) Се омажи пејачката Ева Нединковска: Мајка ѝ сподели детали од свадбата

Еспресо

12 животински знаци, 12 совети: Откријте што сте во кинескиот хороскоп

Еспресо
Се вчитува....