14.8 C
Скопје
13:42 - 16 октомври, 2026

Селин Дион со влошена здравствена состојба се сели во Канада: „Има страшни болки, едвај се движи…“

Специфичната болест од која боледува популарната пејачка Селин Дион, СПС, односно синдромот на вкочанета личност, зема се поголем замав.

По целосното повлекување од сцената, Селин во неколку наврати јавно проговори за својата состојба, но се чини дека здравствената состојба ѝ се влошува.

Имено, пејачката сега одлучила да ја продаде куќата во Лас Вегас во која живеела порано, и да се пресели во Канада.

Пејачката поради болеста морала да носи вакви радикални одлуки, за да биде поблиску до семејството, пишуваат странските медиуми.

– Има страшни болки. Ги има најдобрите лекари околу себе, но не ѝ е добро – изјавил извор за „Радар“ и додал дека нема лек за болеста од која боледува пејачката и дека колку и да се труди здравствената состојба не се подобрува.

– Искрено, едвај се движи… А во Канада има единаесет браќа и сестри кои ја сакаат и ја поддржуваат, особено сега, когае во криза – нагласува изворот.

Пејачката, инаку, во оваа куќа поминала повеќе од 15 години, а вредноста на имотот се проценува на 30 милиони долари.

Слични објави

Есенски коктел со јаболко, цимет и карамела — совршен пијалак за студените вечери

К.С.

Тони Цетински се прости од татко му со потресна порака: „Посакувам уште еднаш да те прегрнам“

Еспресо

Огњен Амиџиќ за можниот ангажман на Јована Јеремиќ во „Пинкови ѕвезди“: „Жирито мора да има музички кредибилитет“

Е.А.

Калиопи за синот Пако: Ја сака Македонија и сака кога му зборувам на македонски

Еспресо

Дали сте „хеликоптер-родител“? Преголемата грижа за децата може да има неочекувани последици

К.С.

Дневен хороскоп за 16 октомври: Избегнувајте импулсивни одлуки

apostolova
Се вчитува....