10:45 - 5 декември, 2025

Секс симболот на 50-те и 60-те години Џина Лолобриџида денес полни 95 години: „На мои години треба да имам малку мир, но сè уште го немам“

Икона за убавина, но и одлична италијанска актерка: Џина Лолобриџида денес, на 4 јули, полни 95 години. Наречена „ла Лоло“, таа беше една од најважните лица на европските кина, но и секс симбол во 1950-тите и 1960-тите на светско ниво. 

Прашање за наследството

Утврдено е дека актерката не може да управува со својот имот. Денес, специјален администратор за поддршка се грижи за неа, истиот тој што го алармирал Обвинителството кога нејзиниот возач и поранешне менаџер Андреа Пјацола (35), според истражителите, се обидел да ја ограби славната глумица сакајќи да продаде 350 нејзини имоти преку аукциска куќа. Судскиот процес против  Пјацола е во тек, под обвинение за обид за ограбување.

Во судскиот процес против 35-годишниот Андреа Пјацола сведочеше и синот на Лоло, Андреа Милко Шкофиќ.

„Видов огормна промена во однесувањето на мајка ми, една личност ја искористи нејзината слабост – му рече Шкофиќ на судијата – Решив да пријавам затоа што мајка ми, откако го запозна Пјацола, се промени, стана надвор од контрола. Мајка ми беше многу внимателна како ги троши парите, едноставна личност, не правеше забави“.

Сепка, Џина Лолобриџида не го сподели истото мислење со својот син во однос на Андера Пјацола.

„За мене тој е како син, тој стои покрај мене како син, ми помогна да продолжам понатаму. Неговата ќерка Џина ја нарекуваат како мене, таа е тигрица “, љубезно рекла Џина Лолобриџида во една неодамнешна телевизиска емисија, додавајќи „Андреа никогаш не направил грешка. Тој е добар човек, човек што ми помогна во страшна неволја. Животот е мој и јас одлучувам што да правам со него. Давањето подароци на Андреа и неговото семејство е нешто што ме засега мене, никој друг“, додаде таа за време на телевизиското интервју, и почнала да плаче, на преносот во живо.

„Да умрам во мир“

„На мои години треба да имам малку мир, но сè уште го немам“, раскажува понатаму глумицата.  „Повеќе сум од уморна, се чувствувам понижено. Треба да ме остават да умрам во мир. Не сум направила ништо лошо, разбирате?“.

Слични објави

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо

По загубата на мајка му и на татко, само таа му остана: Дарко Илиевски со уште лична приказна

msp-admin

Хороскоп за 5 декември: Овните ќе склучат добра зделка, Раковите ќе имаат потешкотии на деловно поле

Еспресо
Се вчитува....