13.8 C
Скопје
16:06 - 17 октомври, 2026

СЕКС СИМБОЛ НА 80-ТИТЕ: Саманта Фокс се пофали дека снима филм во Норвешка

самаанта фокс

Британската манекенка и пејачка Саманта Фокс го освои светот во 80 -тите години со нејзиниот голем хит „Touch Me“ и секси едиторијали за „Playboy“, па дури и денес има армија обожаватели низ целиот свет. Таа е активна на социјалните мрежи, па откри дека снима филм во Норвешка.

Многумина ја знаат приказната за тоа дека Саманта Фокс станала позната целосно случајно. Имено, откако не ја примиле на полициската академија затоа што била премногу ниска со своите 158 сантиметри, нејзината мајка ја пријавила на натпревар за убавина и така сосема случајно го одредила нејзиниот животен пат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Samantha Fox (@samanthafoxofficial)

Покрај музичките хитови „Touche Me“, „Naughty Girls“ и „I Wanna Have Some Fun“, таа се појави и во неколку филмови, учествуваше во реални шоуа и се проба и како водителка.

Светот буквално полуде по неа, а поради големата хистерија што ја предизвикуваше каде и да се појави таа мораше да се движи насекаде со телохранител.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Samantha Fox (@samanthafoxofficial)

Еден нејзин обожавател дури се обидел да се самоубие пред нејзиниот стан, а пред 18 години со светот сподели дека повеќе ѝ се допаѓаат жени. Фокс беше во врска со нејзината менаџерка Мира Стратон до 2015 година кога таа почина од рак, а сега љубовта ја пронајде во 46-годишната Норвежанка Линда Биргит Олсен со која е верена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Samantha Fox (@samanthafoxofficial)

Таа сè уште е активна на професионално поле, а со своите обожаватели неодамна сподели информации дека моментално снима филм во Норвешка.

„Еве неколку фотографии зад сцената од најсмешниот филм на кој сум работела. Толку се смеев, тоа е токму она што ми требаше. Фантастичен режисер и одлични актери, сите тие се толку прекрасни и љубезни“, напиша поранешната секс бомба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Samantha Fox (@samanthafoxofficial)

Во претходната објава, таа им се заблагодари на своите обожаватели за убавите коментари.

„Одлично е да се работи повторно, ги мразев последните 16 месеци бидејќи дефинитивно сум личност која сака да работи и тоа го правам со страст. Среќна сум за сè што постигнав во последните 38 години и ви благодарам на сите за поддршката што ми ја дадовте низ подемите и падовите на животот“, напиша Саманта.

Слични објави

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

„Почивај во мир, ангелу македонски“: Перо Камиказа откри како Тоше Проески му дошол дома и ги пеел песните на „Меморија“

К.С.

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.
Се вчитува....