22.8 C
Скопје
15:47 - 2 мај, 2024

Сека Алексиќ не е единствена: Овие пејачи ноќта ја поминале зад решетки во странство

Пејачката Сека Алексиќ е приведена по настап во една дискотека во Цирих поради нејзините работни дозволи кои, според неа, „не биле адекватни“.

Сека откри и дека полицијата зела изјава од неа и од членовите на бендот, а потоа го казнила сопственикот на клубот во кој настапувала. Пејачката наводно поминала 8 часа во притвор, иако не е единствената од регионалната естрада која имала проблем со органите на прогонот.

Пејачката Теа Таировиќ беше приведена на аеродромот во Германија пред две години, кога се враќала од настап. На пасошката контрола полицијата ја приведе пејачката која се збунила бидејќи не знаела која е причината и зошто ја приведуваат. Теа го прекршила законот кој регулира колку време, но и колку работни часови може да има пејачка во земјите од Европската Унија.

Теа Таировиќ, Инстаграм

Пред неа „зад решетки“ бил и Здравко Чолиќ, кој беше приведен во осумдесетите, кога претежно живееше во Загреб.

„Бев еден вид менаџер и човек кој имаше одредени вложени средства во областа на телефонијата, а пошироката јавност дозна дека се занимавам со мал бизнис дури кога ме уапсија во Струга затоа што кредитните средства ги претворав во девизи. Тогаш беше поевтино да се купуваат девизи во Македонија отколку во Белград и Загреб“, изјави своевремено Здравко, а потоа откри како се случило апсењето:

„Беше многу непријатно. Луѓето купуваа девизи во тие албански села. Цело време ме следеа љубопитни што правам таму во февруари кога нема ни концерти ни туристи. А јас бев натоварен во тежок капут како во песната на Бело дугме и ме чекаа, ми ги земаат сите девизи. Подоцна Анте Марковиќ воведе легално купување девизи, а јас да чекав осум месеци немаше да се случи тоа апсење. Ама тоа беа чисти пари, а не црни пари“.

Чолиќ во притвор поминал три дена.

Пејачот Саша Ковачевиќ во 2020 година бил приведен на аеродром во Њујорк.

Кога тргнал на патување во Доминиканската Република со својот брат Раде и останатите членови на бендот, Саша немал поим каква неволја ќе го снајде ако на оваа егзотична дестинација сними дури четири песни.

„Саша бил приведен од полицијата на аеродромот во Њујорк. Настанала одредена конфузија, па го симнале од редовниот лет и го однеле во посебна просторија и го задржале неколку часа, токму на време за неговиот лет до Доминиканска Република да пропадне“, откри извор за „Свет“ во тоа време, а потоа продолжи:

„Воопшто не му беше грижа. Ги праша зошто го држат и го проверуваат, а одговорот беше дека тоа е дел од рутинска контрола и дека мерките на претпазливост се зајакнати. Набрзо полицијата му ги врати документите, рече дека се е добро и дека може да продолжи“.

Во едно интервју, фронтменот на групата Моби Дик зборуваше за неговите две апсења. По еден настап со Лепа Брена, Срѓан бил уапсен на аеродромот во Швајцарија.

„Со Брена работев еден албум, таа секогаш била малку дистанцирана. Се сеќавам, веќе ја имав групата Моби Дик и патувавме во странство на некоја групна свирка. А нас постојано не мешаа со народњаците. Но тоа мораше така да биде, зашто во странство каде што има најмногу пари, таму пееја народњаци, а нас не бараа тогаш поради „Кралот на кокаинот“. Беше тоа голем настап после кој не исплатуваа во кеш. Како што собрале од благајната, мене ми дадоа неколку илјади франци. Зашто франците лошо котираа кај нас, имав навика да ги заменам франците за марки“, рече Срѓан и додаде дека се дознало дека од сите тие франци, сто франци биле лажни.

„И мене ме уапсија на аеродром. Имав среќа што не беа петстотини, зашто за петстотини добиваш некои силни забрани. Но секако половина час ме испитуваа. Не разбираа англиски, а јас не разбирав германски. Тоа траеше додека дојде мојот другар кој е Швајцарец и кој им објасни дека сум пеел и дека сум добил бакшиш и дека сум немал начин да проверам дали парите се вистински. Ме пуштија зашто стануваше збор за само сто франци. Во меѓувреме, авионот требаше да полета, а тие ме пуштија буквално пет минути пред летот“.

Слоба Васиќ имал проблеми со законот бидејќи немало каде да се стави печат во пасошот. Полицијата го привела на аеродромот во Цирих и не му дозволи да излезе од зградата. Слоба не се појавил на настапот и останал без пари, а со првиот утрински лет бил вратен во Белград.

„Вистина е дека имав проблем на границата кога слетав во Цирих. Наместо да одам на настап, цела ноќ морав да ја поминам на аеродром. Спиев во една соба и следниот ден го фатив првиот лет назад, за Белград“, изјавил пејачот.

И Ацо Пејовиќ се запиша на листата на уапсени познати личности. Пред повеќе од 15 години, на границата меѓу Италија и Франција, пејачот бил приведен, каде што ја поминал ноќта, а следниот ден откако ја платил казната бил ослободен.

„Бидејќи немал соодветна виза, граничната полиција го привела Пејовиќ и во притвор морал да преноќи. Следниот ден му била изречена парична казна која тој уредно ја платил, а потоа го пуштиле“, рече изворот за српски Скандал.

Минатата година во притвор ја минала ноќта и кралицата на бакшишот, Јана Тодоровиќ. Пејачката требала да пее во Луксембург, но била уапсена на аеродромот во Цирих зашто немала дозвола да пее.

 

Слични објави

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....