15.7 C
Скопје
19:15 - 19 октомври, 2026

Се самоуби познатиот актер Грегори Чарлс Риверс: Од болест во долгови

Неговото тело било пронајдено откако се самоубил со труење со јаглерод моноксид.

Австралискиот актер Грегори Чарлс Риверс почина минатиот петок на 58-годишна возраст. Според странските медиуми, неговото тело било пронајдено откако се самоубил со труење со јаглерод моноксид во селото Таи Ау Мун на 2 февруари 2024 година.

Роден во Квинсленд, Риверс се преселил во Хонг Конг во 1980-тите, каде што постигнал завидна кариера играјќи во преку 40 продукции.

Меѓу филмовите во кои играше се издвојува акциониот трилер „Man on the Edge“ од 2022 година, каде глумеше со легендарниот хонгконшки актер Сајмон Џем. Исто така, познатиот актер глумеше заедно со Џеки Чен во комедијата од 2021 година „All U Need Is Love“.

Риверс не тргна веднаш на патот на актерството, туку најпрво се стекна со медицинска диплома од Универзитетот во Нов Јужен Велс пред да се сврти кон актерската уметност. Овој необичен пат кон актерската кариера дополнително го збогати неговиот животен пат и придонесе за различноста на неговиот талент.

Потсетуваме, на Риверс му беше дијагностициран рак на кожата во 2017 година, откако забележа оток на десната страна на увото. По успшната операција, една година подоцна, му беше дијагностицирана аритмија. Неговата состојба на срцето била толку сериозна што морал да оди упте двапати на операција, со што акумулирал долг од неверојатни 800.000 хонкгонкшки долари.

Слични објави

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо
Се вчитува....