5.8 C
Скопје
03:03 - 1 април, 2026

СЕ РАЗДЕЛИЛЕ ПОРАДИ АЛКОХОЛОТ: Големата и несреќна љубов која го создала Горан Бреговиќ

Покрај што е на листата на најбогати луѓе во Србија, Горан Бреѓовиќ има многу успеси зад себе и музичка карира за која се зборува со генерации. Пејачот е омилен меѓу јавноста и во неколку прилики ја раскажа приказната на големата и несреќна љубов на неговите родители, пренесува „Mondo“.

Неговиот татко бил воено лице и го сакал алкохолот. Тоа довело до разводот на неговите родители. Иако меѓу нив постоела голема љубов, неговата мајка не можела да ја толерира зависноста на сопругот, па решила да го остави.

Набргу по разводот, мајката на пејачот се разболела од леукемија и починала.

„Моите родители многу се сакаа. Татко ми беше воено лице и многу пиеше. Тие двајца се разведоа поради тоа. А тоа беше голема љубов. Кога мајка ми боледуваше од леукемија, таа беше во болница во Сплит, во градот, каде што татко ми живееше со друга жена. Таа ми кажа дека татко ми ноќе исчезнувал од дома. Еднаш го следела и видела дека се искрадува за да оди до болница во која лежела мајка ми. Седел надвор под прозорецот од собата во која мајка ми умираше и пушел цела ноќ“, изјави претходно Горан во емисијата „Živa istina“.

Таткото на Горан, пред смртта на мајка му успеал да го надмине порокот, но бидејќи многу ја сакал сопругата, откако дознал дека таа починала, се осамил, се посветил на производството на вино и повторно се препуштил на алкохолот.

„Беше излечен од алкохолизам, но кога мајка ми почина, се врати во селото и насади лозје. Потоа повторно почна да пие. Пиеше илјада литри вино годишно, толку многу даваше тоа лозје. Во главно го пиеше виното, сам. Ако има некоја тажна приказна за да се илустрира голема љубов која пропаднала поради алкохолот, тоа е таа приказната на моето семејство“, изјави Горан во една од емисиите.

(ФОТО) БЕШЕ МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЖЕНИ ОД САРАЕВО: Вака изгледа Џенана, сопругата на Горан Бреѓовиќ

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....