15:03 - 12 ноември, 2026

Се онесвестив во студио и срцето ќе ми експлодираше: Дракче едвај останала жива

Драгица Стевковска-Дракче ја раскажа својата голгота, од моментот кога паднала по скали, до операциите и борбата за живот.

-Не стануваше збор за болест што го нападнала мојот организам. Се случи несреќа – паднав по скали. Мислев дека нема ништо сериозно, дека ќе помине, но по две недели се појавија првите симптоми, вртоглавици и повраќање.

Кога направивме рендген снимка, ми кажаа дека итно морам на кардиологија, затоа што срцето само што не експлодирало“, рече познатата водителка емисијата „Готиме со Дракче“, во гостувањето на Тв Канал 5.

-Продолжи терапијата со инекции, коктели, масажи, со стотици алтернативни методи. Сè додека не се онесвестив овде, во самото студио. Кога направивме компјутерска снимка, се виде дека всушност шест месеци сум работела со скршено колено, другото напукнато. Кичмата во ужасна состојба. Станав тежок пациент“, додаде Дракче. 

Таа потоа им се заблагодари на сите за поддршката на нејзиниот Фејсбук профил:

-Колку ли среќна бев денес -ви се обратив преку екранот а вашите многу пораки и многу фотографии потврдуваат дека взаемно сме си недостигале. Мојата искреност можеби некому му пречи но јас неможам да бидам поинаква. ДРАКЧЕ е ДРАКЧЕ“, напиша таа.

Слични објави

(Фото) Во бело пред жирито на „Гранд“ — Габриела Ристовска освои пет гласа, а Цеца побара аплауз за скопјанката

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо
Се вчитува....