20.4 C
Скопје
22:57 - 8 јули, 2026

Се огласи Тајчи од Америка, со емотивна приказна за синот

Храватската пејачка Тајчи која беше голема ѕвезда во поранешна Југославија, се огласи од Америја каде што долги години живее, со приказна за нејзиниот син.

Татјана Матејаш- Тајчи е мајка на три возрасни сина, кои сама ги одгледа во тинејџерските години, откако во 2017 година, нејзиниот сопруг Метју, почина од канцер во 2017 година. За „Слободен печат“, Тајчи раскажа зошто во екот на најголемата популарност решила да ја напушти Хрватска, да се откаже од кариерата и да се пресели во Америка.

„Најмногу ме мотивираше стравот дека ќе заглавам во таа популарност и дека нема да имам можност слободно да растам и да се менувам. Не сакав да бидам и да останам Барбика. Ако сте го гледале филмот, ќе сфатите на што мислам.

Живеам во Френклин, Тенеси. Френклин е прекрасен историски град, 20 минути јужно од центарот на Нешвил. Хм… како изгледа денот кога не работам… Секогаш сум зафатена со музика и со музичка продукција“, рече Тајчи, а своите синови откри:

„Најстариот син Данте има 25 години и работи како VR (виртуелна реалност) и е извонреден дизајнер.  Амадеус сега има 23 години и дипломираше  UX (корисничко искуство) и дизајн. Блејс има 20 години и летото го помина на турнеја како снимател и монтажер“.

Токму за најстариот син, на денот на неговиот роденден, Тајчи објави:

„Среќен роденден на мојот син Данте! Дваесет и пет години се толку возбудливи години – полни со можности и авантури. Многу сум горда на човекот кој стана и благодарна сум за секој момент што го споделуваме“.

Тајчи со синот Данте Фото/ Инстаграм

 

Слични објави

Северина се огласи по ослободителната пресуда – кажа сè во една реченица

Еспресо

(Фото) Глетка која ретко се гледа! Марија Шерифовиќ се соблече во бикини, еве кој ѝ прави друштво на море

Еспресо

(Фото) Одевме 18 часа, времето се влошуваше: Илина Арсова искрено за новата експедиција на Андите

apostolova

Најголемиот страв на Ена Беговиќ се претворил во реалност: „Ужасно се плашеше од возење со автомобил, како да претчувствуваше нешто“

Т.Ц.

(Видео) Ана Ивановиќ ги запали мрежите со „изданието на Вимблдон“: Кога не е во бикини, е во фустан

Еспресо

Гоца Тржан денеска го слави 52-от роденден, а прв јавно ѝ честиташе поранешниот сопруг Иван Маринковиќ

Еспресо
Се вчитува....