16:32 - 1 април, 2026

Се нижат смешни коментари за разводите на Драгана Мирковиќ и на Харис Џиновиќ: „Зорица и Кемиш ни се последна надеж“

По разводот на Харис Џиновиќ и модната дизајнерка Мелина, во регионот одекна веста дека се разведува уште еден стабилен брак, односно дека се разведува и пејачката Драгана Мирковиќ.

Бројни нивни колеги искажаа поддршка за пејачите, но ги кажаа и своите мислења за разводот како тешка и болна работа за целото семејство, а се огласија и бројни корисници на социјалните мрежи. Некои од коментарите се навистина многу смешни.

Многумина на шега истакнуваат дека повеќе не веруваат во љубов, но има и такви за кои Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Зорица Брунцлик и Кемиш, Аца Илиќ и Билјана Јевтиќ и Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ остануваат како надеж.

„Што да очекувам од љубовта, кога и Драгана Мирковиќ се разведува?“, „Тони и Драгана Мирковиќ со овој развод ја понесоа последната прашина на надеж за вечна љубов. Никогаш нема да се омажам“, „Драгана Мирковиќ се разведува?! Харис Џиновиќ се разведува?! Веќе не верувам во љубов. Крај!“, „За мене разводот на Драгана и Тони е крај на сите надежи“ – ова се коментарите на некои корисници на „Икс“, кои не можат да се соземат од фактот дека познатите парови се разведуваат.

Има и такви кои се уште имаат малку верба во љубов, и се надеваат на опстанок на следните парови:

“Драгана Мирковиќ и Тони се разведуваат. Само Зорица Брунцлик и Кемиш остануваат последните бастиони на мојата вера во брачниот живот – ако и тие се разведат, тогаш јас никогаш нема да се омажам”, “Зорица и Кемиш никогаш, невер евер “, “Ни останаа уште Зорка и Кемиш, Биља и Аца, Саша и Сузана“, „Сè уште ги имаме Брена и Боба…Ако и тоа пропадне, тогаш нема за што да разговараме“, „Секогаш се тука Билјана и Александар Илиќ, не е се изгубено“, пренесува српски Телеграф.

Слични објави

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо
Се вчитува....