15:44 - 22 септември, 2026

„Се изненадив пријатно“: Блага Петреска се потсети на младоста со фотографија од 1965 година

На фејсбук-страницата „Ретро ризница – Македонски медиуми“ деновиве осамна црно-бела фотографија од Блага Петреска. На фотографијата на која пејачката има само 18 години, младата Блага е придружувана од Забавниот оркестар на Радио Телевизија Скопје.

Според информациите објавени со фотографијата, таа потекнува од 1965 година и е направена од фото-службата на редакцијата „Студентски збор“.

Фотографијата е зачувана во монографија – збирка фотографии посветена на Втората „Средба на солидарноста“, која се одржувала во Скопје од 26 јули до 2 август 1965 година во Универзалната сала, која во тоа време сè уште не била целосно довршена и немала технички прием.

И Блага Петреска ја сподели старата фотографија на својот фејсбук-профил, со кратката порака: „Јас 1965, се изненадив пријатно“.

Неодамна Блага Петреска беше пријатно изненадена за време на нејзиниот настап на „Охрид фест – Охридски трубадури“, кога група млади луѓе допатувале специјално од Скопје во Охрид за да ја поддржат. Тие носеле маички со нејзиниот лик и со стихови од нејзините песни, што особено ја трогнало пејачката.

Петреска на нејзините млади обожаватели им се заблагодари со емотивна порака.

„Овие деца ми направија такво изненадување, што не можам да го заборавам за целиот мој живот. Ја сакаат мојата песна и специјално дошле од Скопје во Охрид да ме поддржат, а тоа за мене значи многу бидејќи се млади, а ги знаат сите мои песни. Пораката ми е, младите како овие деца да ја слушаат повеќе нашата македонска песна бидејќи е најубава и самата си го отвори патот низ светот. Ви благодарам деца мои, Бог да ве благослови“, напиша Петреска.

Слични објави

(Фото) Браќата од „Некст тајм“ наполнија 40 години — малата Лиана остана будна до полноќ за да слави со тато

Еспресо

Алка Вуица ужива во улогата на баба: „Ни донесе среќа во нашето уметничко семејство“

Еспресо

Сергеј Варошлија отворено за нарушените односи со Лила Филиповска: „Не сакам да имам негативен електрицитет кон никого“

Еспресо

Ќерките на Јелена Карлеуша плачеле поради преселбата на Атина: „Многу се плашам, првите недели ќе бидам со неа во Милано“

Еспресо

(Фото) Анета Љумакоска му посвети емотивни зборови на сопругот: „Мојата љубов и мојата најголема сигурност“

Еспресо

По летото во Македонија, Маријана Новачевска ужива во најслатката прегратка на внуката Ева

Еспресо
Се вчитува....