9.8 C
Скопје
18:21 - 30 март, 2026

„Се гледаме во пеколот“: Бритни Спирс сподели чудна објава во пресрет на објавувањето на нејзините мемоари

На 24 октомври ќе бидат објавени мемоарите на американската поп пејачка Бритни Спирс, „Жената во мене“, кои и пред објавувањето веќе предизвикаа голема врева и ги направија нервозни сите што некогаш биле блиски на уметницата.

Авторката го поттикна интересот за книгата со нова објава на Инстаграм, навестувајќи дека е подготвена за каква било реакција.

Спирс на своите профили на социјалните мрежи сподели фотографија од торта во форма на срце со натпис „Се гледаме во пеколот“. Како по обичај, опцијата за коментари од следбениците на социјалните мрежи, е затворена.

„Жената во мене“, како што признава Бритни, е нејзиниот начин да ја каже целата вистина за себе и нејзиниот живот во прво лице, а не преку вести и озборувања во медиумите. Дури и оние ретки откритија што веќе протекоа во печатот укажуваат дека книгата ќе биде многу искрена, а светот ќе дознае многу нови работи за поп иконата од доцните 90-ти.

Слични објави

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо
Се вчитува....