07:30 - 6 април, 2026

Се дрогирав, пиев и ме бодеа со нож: Актерот Александар Михајловски си ја отвори душата

За животот со наркотици и алкохол, актерот Александар Михајловски искрено раскажа, и откри дека иамл проблеми со менталното здравје. Синот на Тони Михајловски, во подкастот на Стефан Лазаров си ја отвори душата.

-Сум го живеел тој живот, јако. Ова го зборувам за да кажам дека е лош пример. Ова не го кажувам како нешто со кое што се гордеам,  Менталното здравје ми беше на најниско ниво во еден период. Ја имав забаталено мојата кариера.

Побитно ми беше да заглавам до 5 саат сабајле со тањирот и со пиење и со сите сра*а,  и сабајле да станам и да бидам тотално непрофесионален. Сум има сериозни ноќи непреспиени. Тоа ми било најбитно, брат.

Сум се будел и од сабајле, и од рано наутро до вечер. И ништо не ми било свето. Многу е зае*ано тоа брат, дисциплината е спасот, тоа алкохолот и дрогите е живо с*ање. Мангуп не си ако можеш да средиш два грама и да испиеш вечерта литро виски, и да се степаш.

Тоа ме донело до тепачки, ме донело до тоа да ме избодат со нож, да, такви некои филмови уличарски. Тоа ми било светиња.

На прашањето дали бил зависен, актерот одговори: „Да бе да, не можев да се замислам без да дувам и да пијам. Јас сам се излечив со спорт. Почнав да трчам. 4-5 години не пијам алкохол, не консумирам никакви наркотични супстанци, две години не дувам.

Сакам младите да сватат дека тоа е погрешно“, рече Александар Михаловски.  

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....