-1.2 C
Скопје
08:22 - 19 февруари, 2026

Родителите на Кејт Мидлтон банкротираа со бизнисот: Во долг се од 2,6 милиони фунти

Родителите на Кејт Мидлтон ја продаваат компанијата со заеми од 2,6 милиони фунти, бидејќи прогласија банкрот.

Компанијата за организирање настани и забави Party Pieces, управувана од родителите на принцезата од Велс, Керол и Мајкл Мидлтон, изгубила речиси 2,6 милиони фунти пред да биде продадена на британски милионер, пишува Дејли Мејл.

Party Pieces Holdings должи речиси 613.000 фунти на даночните власти. Родителите на Кејт Мидлтон како причина за тоа го наведоа затворањето на компанијата и кризата со трошоците на животот што предизвикало нагло намалување на продажбата и проблеми со готовинскиот тек. Компанијата, исто така, должи повеќе од 218.000 фунти на RBS за заем што го зеде за поддршка на бизнисот за време на коронавирусот, 456.000 фунти на други заемодавачи и 1,4 милиони фунти за тн необезбедени заеми.

Party Pieces делумно беше продаден на Teddy Tastic Bear Company Limited за 180.000 фунти, при што фирмата задржа 12 вработени и остана во својата сегашна база во Беркшир. На почетокот на 2023 година, извршниот директор на Party Pieces поднесе оставка, а Мидлтон и другите членови на одборот се обидоа да ја зацврстат компанијата и да најдат купувач.

Дејли Меил детално наведува дека приходите на Party Pieces паднале од 4,5 милиони фунти на 3,2 милиони фунти помеѓу 2021 и 2022 година, при што компанијата забележала загуба од 900.000 фунти.

Слични објави

Хороскоп за 19 февруари: Овните треба да избегнуваат импулсивни одлуки, Лавовите ќе го истакнат своето лидерство

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо
Се вчитува....