7.8 C
Скопје
10:33 - 21 февруари, 2026

Роберт де Ниро ќе ги запознае сите негови деца со новото бебе: „Ќе го направа тоа…“

Неодамна беше потврдено дека холивудската ѕвезда Роберт де Ниро повторно стана татко, овој пат на 79-годишна возраст.

Сепак, веста за актерот наиде на многу контроверзни реакции од јавноста, која смета дека тој можеби е премногу стар за правилно да воспитува дете.

Но, Де Ниро има многу други деца, па јасно знае што прави. Но, каков е неговиот моментален однос со постарото потомство?
„Њујорк пост“ објави дека шесте постари деца на Де Ниро сè уште не ја запознале неговата двомесечна ќерка.

Неговите други деца се на возраст од 11 до 51 години. Според „Њујорк пост“ децата, во договор со татко си, имале план да се сретнат сите заедно за Денот на татковците (односно вчера, на 18 јуни), но изгледа дека до средбата не дошло.

„Сè уште не се сретнавме, но ќе го направат тоа“, објасни Де Ниро за „Пипл“.

Де Ниро сакаше да го чува во тајност раѓањето на својата најмлада ќерка и успеа околу еден месец, девојчето се роди во април.

Сепак, тој не чувствува дека неговите поодминати години ќе му бидат пречка да биде ефективен родител, па дури и додаде дека тој и неговата партнерка ја земале предвид неговата возраст кроејќи ги плановите за заедничката иднина.

„Чувството е одлично, да“, потврди тој на прашањето како е да се биде татко на негова возраст.

„Имам одредена свесност. Кога си постар имаш свесност за одредени работи во животот, како за динамиката и сè друго“.

Во првиот брак холивудската ѕвезда доби две деца, Дрена и Рафаел.

Потоа дојдоа Џулијан и Арон во неговата следна врска, додека потоа ги доби Елиот и Хелен со својата втора сопруга.

Слични објави

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо
Се вчитува....