00:03 - 7 ноември, 2026

Роберт де Ниро е пресреќен татко – „само што го добив седмото дете“

Актерот Роберт де Ниро стана татко на седмо дете. 79-годишниот актер го коригирал новинарот на ЕТ Канада кој му се обратил со „татко на шест деца“.

-Само што го добив седмото дете, му рекол Де Ниро, а неговиот портпарол денеска за Page Six потврдил дека актерот навистина станал татко по седми пат.

Името и полот на бебето не се познати.

Не е потврдено ниту која е мајката, но неговата девојка Тифани Чен (64) минатиот месец е фотографирана со труднички стомак.

Ѕвездата на „Такси“ стана татко во 1971 година, кога тој и неговата тогашна сопруга Дијана Абот ја добија ќерката Дрена, која денес има 51 година. Поранешниот пар го има заедно синот Рафаел (46).

Покрај тоа, Де Ниро ги има близнаците Арон и Џулијан (27) со поранешната девојка Туки Смит, како и синот Елиот (25) и ќерката Хелен (11) со поранешната сопруга Грејс Хајтауер.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

apostolova

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

apostolova

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

apostolova

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

apostolova

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

apostolova

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....