16:30 - 5 декември, 2025

РИЈАНА симболично го откри датумот на породувањето! „Сакам да го покажам стомакот, не сакам да се кријам“

Поп-ѕвездата, која за прв пат ќе стане мајка, гордо го покажува своето стомаче облечена во тесен фустан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)


Слободна, како што никогаш порано не се чувствувала, Ријана повторно гордо го покажува своето стомаче, облечена во тесен и многу краток фустан во нијанса на фуксија , украсен со пердуви. Облеката е избрана за вечера во лускузниот ресторан Џорџо Балди со локација во Санта Моника. „Порано за мене секој црвен тепих беше еден вид драма“ – рече своевремено Ријана, која од неодамна почна да го форсира мотото за позитивност кон сопственото тело.

„Ако мојот стомак беше малку отечен, веднаш трчав да го маскирам бидејќи не се чувствував пријатно“, изјави неодамна поп-ѕвездата од Барбадос, истакнувајќи колку нејзините чувства се промениле по забременувањето: „Денес сакам да се покажам, не сакам да се кријам“. А всушност, тоа го прави уште од првата објава за слаткото очекување кога беше облечена во фармерки со низок струк.

„Таа пишува нова страница за доживување на бременоста“, коментираа многумина, забележувајќи интересен детал минатата недела: нараквица од 52.000 долари, потпишана од Анушка Дукас, а која и ја подари нејзиниот партнер ASAP Роки. Станува збор за нараквица од скапоцени камчиња, составен од десет приврзоци, секој со различно значење.

Според написот во Пипл, списание кое го интервјуираше раперот, изборот на нараквицата не бил случае – симболот лале е знак на нов живот, па потоа тука се среќната детелина со четири листа, компасот за да не го изгуби курсот, и – пред сè – медалјон украсен со смарагд, каменот врзан со месецот мај.

Со оглед на тоа дека ниту Ријана, ниту ASAP Роки не се родени во месец мај, фановите мислат дека токму тоа ќе биде временскиот период во кој ќе се роди бебето. Останува само да почекаме: одбројувањето веќе започна.

Слични објави

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Еспресо

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо
Се вчитува....