6.8 C
Скопје
07:08 - 21 октомври, 2026

Ричард Гир и против Путин и против американската политика: „Дојде време да се каже НЕ“

Ричард Гир повторно се активираше – беше главен гостин во најновата италијанска емисија „Ке темпо ке фа“ каде зборуваше за драматичната ситуација што ја доживува Украина. Гир веднаш го впери прстот кон рускиот претседател Владимир Путин, предлагајќи да се блокира купувањето на фосилните горива од Западот.

„Мислам дека сите имаме жестока реакција на сè што се случува. – изјави Ричард Гир одговарајќи на прашање од новинарот за ситуацијата во Украина – Гледајќи ги страдањата на децата, на невините, кои се погодени од оваа војна, на генерациите погодени од ова страдање кое ќе се прошири и во иднината. Читам извештаи од Русија каде војниците се понижуваат затоа што се принудени да вршат ѕверства во Украина. Отсекогаш ги сметале за браќа, сестри, братучеди. Тоа е неверојатен пресврт на руското општество. Тоа е аберација што стана дозволена на нашата планета“, осудува актерот.

„Мораме да направиме се што е можно за да ги спречиме нападите, злоупотребите и пред се да дадеме хуманитарна помош. – Ричард Гир понатаму во разговорот упатува и апел – Со оглед на тоа што се случува со Путин, дојде време да се каже „не“ на горивата. Мораме да размислиме што да правиме од енергетска и еколошка гледна точка. Мора да се сметаме за браќа и сестри, ова функционира на сите нивоа, меѓучовечки и меѓународно “.

Но, американскиот актер ја осудува и американската политика во Централна Америка. „Го видов злото на империјата, така да се каже, Американците лошо се однесуваа во Централна Америка. Слушнавме лажна приказна. Централна Америка е човечка дилема, трагедија создадена од американската влада и индустрија. Тоа не тера да размислуваме за тоа што е направено против нашата планета. Треба да ја почувствуваме одговорност. Мора да им кажеме „не“ на одговорните, кога ќе дојде време да го кажеме тоа. Дури и најлошото може да се поправи, но мораме да се слушнеме едни со други“, заклучува Ричард Гир.

Во разговорот на Гир се вклучи и неговата сопруга Алехандра Силва (39) која се појави на екранот и која ги поддржа зборовите на холивудскиот глумец.

Слични објави

(Фото) Внуката на Драгана Мирковиќ го слави својот прв роденден – замокот во Австрија е обоен во розова боја

Еспресо

Овие песни се посветени на Ксенија Пајчин — малкумина знаат дека познатиот пејач ѝ беше брат, а раперот беше лудо вљубен во неа

E.A.

Гога Секулиќ се сели од Србија со синот: Поранешниот сопруг ѝ помага околу преселбата

Еспресо

(Фото) Во страстен занес со 14 години помладиот сопруг – Гоца Тржан и Раша уживаат во зајдисонцето на Маврициус

Еспресо

Тату-артистот Горан Миќиќ за борбата со ракот: „Ме оперираа осум и пол часа, да не беше жена ми, ќе паднев во тешка депресија“

К.С.

Јована Јеремиќ најави шокантни информации за Каспер: „Мина не е единствената жртва, има и други!“

Еспресо
Се вчитува....