12.8 C
Скопје
17:30 - 17 март, 2026

РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ПИРОШКИ ОД ТОСТ ЛЕБ: Побрзи пирошки од овие нема никогаш да направите!

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта. Денес Мартина ни направи пирошки од тост леб.

„Најбрзите пирошки кои некогаш ќе ги направите. Добрата работа е што може да ги правите и со лепче кое ви стои веќе неколку дена, па ова е супер начин да го искористите“

Потребни состојки:

  • тост леб
  • сувомеснато
  • кашкавал
  • јајце

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Подготовка:

Исечете ги крајчињата на парчињата леб и секое парче исукајте го со сукало. На едниот крај ставете парче сувомеснато и кашкавал, може и кечап, оригано, печурки или фил по желба. Завиткајте го лепчето и убаво потопете го во изматено јајце од сите страни.

Веднаш префрлајте ги во загреана тава со малку масло со делот каде што се поклопува одоздола. Пржете ги по неколку минутки од сите страни и тоа е тоа.

фото: инстаграм

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ДОМАШНА НУТЕЛА: Посна, мрсна, со цимет или без – Сами одлучувате!

Слични објави

Драма на бензинска пумпа, разбојник се заканувал со нож, во сè е вмешан и Аца Лукас

Еспресо

Прељубничката од концертот на „Колдплеј“ откри: „И мојот сопруг беше таму, знаеше дека сме блиски“

Еспресо

(Фото) Нивес Целзиус мами воздишки, позираше во минијатурно црвено бикини

Еспресо

(Фото) Ќерката на Наташа Беквалац полни 19 години, пејачката објави: „Мојата прва, најголема љубов“

Еспресо

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova
Се вчитува....