14:16 - 30 јануари, 2026

(РЕЦЕПТ+ВИДЕО) ЧОКОЛАДНА БАКЛАВА: За своја душа и за гости!

Давор Панчевски ни открива како да ја подготвите највкусната чоколадна баклава!

Имаме само еден збор за оваа чоколадна баклава – ПРЕВКУСНО! Овој десерт одлично се надополнува со шолја јако турско кафе и дефинтивно Ви препорачуваме да го подготвите за своја душа и за своите гости.

фото: приватна архива

Потребни состојки:

  • 500 г кори за баклава
  • 300 г растопен путер
  • 350 г рендана чоколада за готвење
  • 200 г мелени лешници
  • 100 г мелени ореви
  • 4 лажици шеќер
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер

За шербетот:

  • 500 мл вода
  • 750 г шеќер
  • сок од 1 лимон
фото: приватна архива

Начин на подготовка:

Најпрво за да ја подготвите оваа баклава потребно е да го подготвите филот. Во длабок сад ставете ги мелените лешници, ореви, шеќерот, ванилата и ренданата чоколада. Промешајте ги сите состојки заедно и оставете ги на страна. Растопете го путерот на средна температура и оставете го на страна.
За да ја подготвите баклавата земете една кора и премачкајте ја со растопен путер. Оваа кора поклопете ја со уште една кора и повторно премачкајте со растопен путер.

Нанесете од подготвениот фил и со помош на тенко сукало цврсто свиткајте ги корите во ролат. Со помош на дланките згужвајте ги корите на сукалото и префрлете ја вака подготвената кора во премачкано тавче со путер. Постапката повторете ја со пресотанатите кори, се додека не ги потрошите корите и филот. На крај полејте ги корите со преостанатиот растопен путер и со помош на нож пресечете парчиња. Баклавата ставете ја во ладна рерна и вклучете ја на 150 степени. Печете околу 50-60 минути или додека не добие убава златно-кафена боја.

Кога ќе извадите баклавата од рерна, оставете ја да се лади додека го подготвувате шербетот. За да го подготвите истиот, во тенџере на оган ставете ги водата, шеќерот ванилата и лимонот заедно да започнат да вријат. Гответе околу 5-7 минути, а потоа врелиот шербет полејте го врз млаката баклава. Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и оставете неколку часа да се впие шербетот во баклавата. Сервирајте со сечкани лешници и уживајте.

Готевете со Давор како во видеото:

Слични објави

(Фото) Зорана доби луксузен автомобил од вереникот: Вака изгледаше изненадувањето во Мајами!

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството Гудељ: Балони, конфети и емотивна порака – „Избрав пат што никогаш не би го менувал!“

Еспресо

(Фото) Како грчка божица: Нина Бадриќ ги остави сите без здив во бел свилен фустан

Еспресо

Едита Арадиновиќ има здравствени тегоби во бременоста: „Сѐ ме снајде, само уште вода во колената немам“

Еспресо

(Фото) Безобразно позира: Ѓина Џиновиќ во тесен фустан со прорез ги истакна бујните атрибути

Еспресо

(Фото) Ела Дворник направи драстична промена на изгледот предизвика лавина реакции, се огласи и Северина

Еспресо
Се вчитува....