16.8 C
Скопје
12:59 - 3 март, 2026

(РЕЦЕПТ) КУЛКУЛИ: Слатки кои се прават низ цела Индија за Божиќ

Кулкули се слатки кои се прават низ цела Индија за време на Божиќ. Тие се најпопуларни во регионот Гоа и можеби потекнуваат од португалската заедница како варијација на познати португалки десерт. Кулкулите често се нарекуваат кидио на јазикот Конкани, што значи црви. Иако значењето на името не им е вкусно, тие се! Формирањето на кулкулите е навистина забавно и е активност во која може да ги вклучите и најмалите во вашето семејство.

(РЕЦЕПТ) ДЕСЕРТ СО МЕЛЕНО МЕСО: Несекојдневните пити кои се јадат во Англија за Божиќ

Потребни состојки:

  • 450 гр брашно
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажица ладен путер, исечкан на коцки
  • 2 големи јајца
  • 50 гр шеќер во прав
  • 235 мл кокосово млеко
  • масло за пржење
  • 200 гр шеќер
  • 3 до 4 лажици вода

 

View this post on Instagram

 

A post shared by COOK-E-WARS (@cook_e_wars)

Подготовка:

  • Во сад добро измешајте ги брашното и прашокот за пециво. Додадете путер по малку, нежно мешајќи додека путерот не добие големина на грашок. Изматете ги јајцата во посебен сад и додајте ги во смесата со брашно и путер. Додадете шеќер во прав и кокосово млеко и измешајте во меко тесто. Од тестото направете мали топчиња.
  • Земете виљушка и намачкајте го задниот дел со малку масло. Израмнете ја топката од тестото со стискање и притиснете ја на задниот дел, правеќи форма на правоаголник. Потоа свиткајте го тестото нагоре, како ролничка за да добиете перниче со бразди.
    Ставете го на чинија и работете го преостанатото тесто слично додека не се потроши.
  • Загрејте масло во длабока тава на средна топлина. Кога ќе биде спремно, пржете ги кулкулите, мора често да ги превртувате додека не добијат светло златно кафена боја. Кога ќе се испржат ставете ги на хартија да го впие вишокот на масло.
  • Во посебна тава ставете шеќер и вода и варете додека шеќерот целосно не се стопи и не се формира сируп. Изладените кулкули додадете ги во шеќерниот сируп и убаво премачкајте ги.
  • Извадете ги и оставете ги да седат на чинија додека шеќерот не се стврдне.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roopa (@whatsonmyplate79)

(РЕЦЕПТ) БОЖИЌЕН ПУДИНГ: Рецепт кој се подготвува со векови и се пали на маса!

Слични објави

(Фото) Александра Пријовиќ сподели радосна вест: Малата Арија наполни шест месеци

Еспресо

(Фото) „Носам исти гаќи седум дена“: Дарко и Катарина Лазиќ се заробени на Малдивите, пејачот мора рачно да пере алишта

Еспресо

Катарина Грујиќ мирот го пронајде во светилиштата на Косово и Метохија: „Постот е благослов“

Еспресо

Ново огласување на Јелена Томашевиќ: Ја откри својата дијагноза и како се чувствува

Еспресо

Мина Костиќ го обвини поранешниот партнер дека лаже: По раскинувањето, една работа ѝ е најважна

E.A.

Дневен хороскоп за 3 март: Не донесувајте избрзани одлуки

apostolova
Се вчитува....