01:35 - 7 април, 2026

(РЕЦЕПТ) ДАВОР ПАНЧЕВСКИ ГОТВИ ЗА ВАС: Подгответе колач со тиква, едноставен рецепт во кој само ги мешате состојките и печете!

Со Давор Панчевски подготвуваме колач со тиква. Пробајте го овој превкусен десерт на Давор и направете го готвењето забавно!

Потребни состојки:

– 180 г брашно

– 1 лажичка цимет

– Прстофат сол

– 3 големи лажици мед

– 200 г пире од тиква ( сварена тиква и изблендирана)

– 180 мл масло за јадење

– 2 јајца

– 2 пакетчиња ванилин шеќер

– 70 г сечкани ореви

– 100 г чоколадни капки

фото приватна архива

ПОДГОТОВКА

Промешајте ги сите состојки заедно во длабок сад и префрлете ја смесата во калап за векни. Печете во загреана рерна на 180 степени ококу 40-50 минути, или додека чепкалката не излезе чиста кога ќе го проверите колачот.

Совет за крај: кога приготвувате вакви рецепти, промешајте ги прво течните состојки потоа додавајте ги сувите состојки.

Добар апетит!

фото приватна архива

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....