10.8 C
Скопје
11:11 - 27 октомври, 2026

РАЗГОВОР СО НИНА ШКОФ: Како се прават раните во филмовите? Како модринките на актерите во филмските тепачки изгледаат толку вистински?

Лузни, исекотини, рани…

-Многу често ни се случува луѓето да мислат дека сме повредени,  дури и ќе ни пријдат да ни помогнат ако сме на симулација некаде. Ние мора да им објасниме дека тоа е само вежба, дека се е шминка и се е во ред – започнува да ни објаснува Нина.

фото приватна архива

Филмскиот шминкер е стручно лице задолжено за специјалните ефекти кога станува збор за шминка во филмот. Нина Шкоф подолго време е волонтер во Црвен Крст, но во последно време и велемајстор за изработка на шминка за исеченици, изгореници, за лузни и скршеници.

– Веќе подолго време правам, цртам ваква шминка. Честопати знам и на моите родители да им пратам слика, да видат што сум направила. Но на почетокот се плашеа да не навистина ми се случило нешто, сега ме научија и знаат за што се работи.

Можноста за менување на старосниот изглед на актерот е уште еден момент кога станува збор за филмската шминка. Засилување на брчките, зголемување на подочниците, белеење на косата.

Материјалите за филмска шминка се од секојдневието. Добивањето на реална повреда е уметност.

– Се обидуваме да користиме што подостапни материјали, поради тоа ги изработуваме и сами шминките. На пример, ткивото кое го употребуваме, кое е основата за секоја рана, го правиме од лепак за тапети. Користиме прехрамбени бои, вазелин и слично. – открива Нина.

– Доколку е скршеница може да искористиме коски од пилешко или стапчиња и дрвца.

Во секоја работа се прават грешки, но и непланирани работи се случуваат. Од кога започнала Нина да го работи ова, започнувајќи како волонтер на Црвениот Крст на Град Скопје, таа се сретнала со секакви барања и предизвици.

– Можеби најтешко до сега ми било кога требаше да направам скршеница на подлактица, во таков случај користиме стапчиња како шпатули за да ги направиме коските. Не се одвиваше како што планирав, никако не се лепеа дрвцата за да ги направам коските, а ние требаше да започнеме со вежбата. Незнам како успеав да ја составам раната за на крај да изгледа како вистинска – се присетува Нина.

– Интересни ми се реакциите на луѓето кога ќе ја видат раната – шминката. Едни ќе не пофалат, но други ќе не искараат во тој момент, затоа што им делувало многу реално па се исплашиле.

Желбите и амбициите на Нина не застануваат тука. Таа посакува да го искористи својот талент и надвор од симулациите и активностите на Црвениот Крст. Но има и препорака до помладите:

– Би им препорачала на сите кои ги интересира филмската шминка, да дојдат можеби во Црвениот Крст, да научат, бидејќи ние често имаме потреба од ваква шминка. Секој може да испроба во ова, вежбајќи дома.

ФОТО ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.
Се вчитува....