9.8 C
Скопје
19:16 - 11 март, 2026

Првата средба на Шакира и Клара Чиа била многу срдечна: „Ако некој е прељубезен кон вас, знајте дека е сомнителен“

Името на Клара Чиа, новата девојка на Пике, почна да се слуша во јавноста кон средината на минатата година, кога се дозна за неверството на Жерар Пике. Но, пред нејзиното име да се слушне низ светот, Шакира веќе ја познавала Клара, а Колумбијката дури и дала прекар на тогашниот практикантка во компанијата Космос (компанија во сопственост на фудбалерот).

Кога Шакира и Пике биле среќен пар, музичката ѕвезда ја запознала Клара Чиа, но во ниту еден момент не замислила дека Шпанката е опасност за нивната врска. Освен тоа, однесувањето на Клара било однесување на многу фина девојка. Буквално била прељубезна кон Шакира. А, Шакира дури ѝ дала и прекар.

„Помина незабележано средбата, Шакира никогаш не виде опасност затоа што не е љубоморна  жена, таа е прилично нормална девојка“, известуваат шпанските медиуми.

Шакира тогаш ја нарекувала Клара „мала мртва мушичка“.

Според Роберто Антолин, шпански новинар кој бил сведок на првата средба меѓу Шакира и Клара, љубезноста на Клара Чиа била толку голема што кога Шакира подоцна дознала дека таа е причина за нивниот развод, бившата партнерка на поранешниот шпански фудбалер била многу повредена.

По откритието на Антолин, фановите на Шакира на социјалните мрежи заклучуваат дека преголемата љубезност често е знак дека нешто не е во ред.

„Ако некој е прељубезен кон вас, знајте дека е сомнителен“, гласи еден од коментарите.

„Затоа ја болеше толку многу, бидејќи аа веќе ја знаеше и ја нарече „мала мртва мушичка“, рече Антолин, кој повтори дека желбата на Клара Чиа да изгледа добро со сите била толку голема што на почетокот на јужноамериканската пејачка ѝ се допаднала девојката.

Така, иако поминаа многу месеци откако Шакира и Пике ја официјализираа нивната разделба, тие продолжуваат да бидат тема на разговор, особено на почетокот на годината, бидејќи колумбиската пејачка објави песна која вклучува многу референци за нејзиниот поранешен партнер и неговата нова девојка Клара.

Слични објави

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо

„Зошто ја сакам?“: Како зборуваше големиот југословенски шармер Драган Николиќ, за кого љубовта беше пред сè

Еспресо

Марија Микиќ откри сè за односот со Милица Павловиќ: На работ на солзи, објасни што направила нејзината колешка

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova
Се вчитува....