24.8 C
Скопје
12:25 - 11 мај, 2026

Протест на Србите во Митровица – Ние сакаме мир, а Курти и Османи ѝ плукнаа в лице на ЕУ ВИДЕО

Во Северна Митровица, една од четирите општини со мнозинско српско население на северот на Косово, започнаа протести кои претходно беа повикани од Српска листа, водечката партија на косовските Срби која ја има поддршката од Белград.

На собирот се обратија неколкумина сегашни и поранешни политички чинители на Косово. Претседателот на Српска листа, Горан Ракиќ рече дека мандатот го враќаат на српскиот народ кој ги избрал, а не на Приштина. Рече дека во Северна Митровица собирот има за цел да испрати јасна порака дека е доста од „шиканирање“ .

„Со нашите оставки го браниме Бриселскиот договор и меѓународното јавно право. Свесни сте дека Курти, Османи и други повторуваат дека за нив нема бриселски договор и дека никогаш нема да има Заедница на српски општини. Практично го поништи бриселскиот договор и плукна во лице на ЕУ, која е гарант за спроведување на тие договори, гарант за нас дека нема да бидеме измамени“, додаде тој.

По вчерашните информации дека поднесуваат оставки, тој вели дека со чиста совест стои пред граѓаните:

„Убеден сум дека направивме се за да ги решиме проблемите меѓу српскиот и албанскиот народ преку дијалог и соработка.

Ракиќ рече дека српскиот народ сака мир и „само мир“.

Српската листа претходно објави дека „средбата“ се одржува со цел да се покаже единство и едногласно да и порачаат на Европа дека Србија е нивна земја.

Ден претходно, во северните општини, на јавни места можеа да се забележат излепени покани, со кои се повикуваат граѓаните да го истакнат знамето на Србија на својот приватен имот, а тие веќе беа закачени на јавните површини.

Овој протест доаѓа еден ден откако претставниците на Србите од северот на Косово одлучија да ги напуштат сите институции на Косово, Владата, Собранието, локалната самоуправа, судството и полицијата.

Исто така, побарано е Владата на Косово да ја повлече одлуката за пререгистрација на табличките со ознаки на градови во Косово издадени од Србија, кои се незаконски за Косово. Се работи за таблички на КМ (Косовска Митровица), од кои во северните општини има околу 9.000.

Слични објави

(Фото) Сестра ѝ на Јелена Спенџарска е вљубеничка во природата: „Среќно семејство од 6 члена“

Еспресо

„Дали ни треба уште еден тест“: Марија и Бојан од „Ај кју“ објавија среќна вест, добија бројни честитки

Еспресо

(Фото) Ужива на Бали — снаата на Теодора Џехверовиќ позираше во минијатурно бикини

Еспресо

Хороскоп за 11 мај: Близнаците ги очекува одлична дружба, Лавовите ќе се покажат во полн сјај

Еспресо

Има само 18 години, а веќе ги полни клубовите: Младата хрватска пејачка изгледа сензационално

Т.Ц.

Внуката на Арсен Дедиќ има 24 години и тргна по стапките на дедо ѝ: Прилично сум енергична личност сум, едноставно немам мир

Т.Ц.
Се вчитува....