7.8 C
Скопје
22:37 - 30 март, 2026

Протекоа детали од книгата на принц Хари: Вилијам физички го нападнал поради „дрската“ Меган Маркл

Британскиот принц Хари во својата автобиографска книга Spare открива дека неговиот постар брат принцот Вилијам физички го нападнал за време на кавга која започнала поради сопругата на Хари, Меган Маркл, пишува Гардијан, повикувајќи се на мемоарите на принцот.

Имено, во 2019 година, Вилијам дошол кај него за да разговараат за нивните напнати односи и скандали со кралското семејство. Маркл ја нарекол „груба и дрска“, по што избила пресметка меѓу браќата.

Како одговор, Хари го обвинил Вилијам дека нема поддршка, по што, како што пишува принцот, го нападнал.

Според Хари, постариот брат го фатил за јака, а потоа го фрлил на подот.

„Лежев таму некое време, запрепастен, потоа станав и му реков да излезе“, пишува Хари.

Претходно беше објавено дека издавачот на мемоарите на принцот Хари, Penguin Random House, не штеди никакви средства за да спречи протекување на информации од книгата на интернет пред нејзино глобално објавување следната недела.

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....