38.8 C
Скопје
16:39 - 21 август, 2026

Астро прогноза за четврток, 5 јануари

ОВЕН

Овенот ќе треба да надмине денес некакви финансиски проблеми, внимавајте да не бидете измамени, велат ѕвездите. Некој во ваша близина нема баш убави намери.

БИК

На 5 јануари Биковите можеби нема да имаат доволно време ни енергија за да ги дотуркаат работите. Проверете ги добро џебовите и чантите пред да излезете од дома, ѕвездите предупредуваат на можност да загубите некој важен предмет.

БЛИЗНАЦИ

На 5 јануари Близнаците треба да избегнуваат негативни луѓе кои се спремни само за критики. Сè мора да биде транспарентно и искрено денес. Во спротивно, можете да си создадете проблем.

РАК

На 5 јануари Раковите ќе мора да земат некоја ситуација (можеби туѓа) во свои раце. Нема да има време за размислување, предупредуваат ѕвездите. И тие ве советуваат да се вклучите во активноста уште од наутро.

ЛАВ

На 5 јануари може да се појави некоја неочекувана задача пред Лавовите. Одлучноста и цврстината ќе помогнат да се справите со тоа. На овој ден, треба да ги оставите сомнежи за сопствените способности. Но да не се сомневате ни во способноста на другите.

ДЕВИЦА

На 5 јануари Девицата ќе може да се надмине себеси. Единствено што треба да се грижи е луѓето кои ви се блиски и околу вас. Би било штета да блеснете сосема сами без никој да ве забележи.

ВАГА

На 5 јануари Вагата може да има противник. И прилично силен. Доколку не сакате да учествувате во „борбата“, останете дома на овој ден и не разговарајте со никого.

СКОРПИЈА

На 5 јануари Скорпиите ќе мора да престанат со некои напади и тоа упатени до најблиските. Не стојте настрана туку доколку некој има проблем понудете му помош, советуваат ѕвездите.

СТРЕЛЕЦ

На 5 јануари Стрелците можат да повредат некого. Главната задача на овој ден ќе биде навреме да ја сфатите вашата грешка. Во спротивно, може да имате проблеми, предупредуваат ѕвездите.

ЈАРЕЦ

Јарците ќе имаат некоја важна шанса денес. Ѕвездите ви порачуваат да ја искористите во лет. Следете ги само знаците на судбината.

ВОДОЛИЈА

На 5 јануари, Водолиите ќе мора да слушаат некого, да примат добар совет кој ќе им послужи за работа. Ѕвездите предупредуваат: ако одлучите да продолжите своеглаво, нема да има враќање назад.

РИБИ

Рибите ќе мора да ја покажат денес својата способност за мултитаскинг, велат ѕвездите. Да бидете на различни места одеднаш, да им помагате на неколку луѓе истовремено, без да заборавите на себе – ќе биде напорен ден.

Слични објави

(Фото) Хрватската пејачка Жанамари позираше во бикини, жешките фотографии го „запалија“ интернетот

Еспресо

(Фото) Неверојатно си личат! Ова е сестрата на Душко Тошиќ, која ретко ја гледаме во јавноста

Еспресо

Јордан Митев по 25 години случајно ја пронајде ученичката книшка и се потсети на едно поинакво време

Еспресо

Вака изгледа дел од бајковитиот дуплекс на Никола Роквиќ и Бојана Баровиќ — мала зелена оаза во Нов Белград

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева има необична техника за релаксација – свири на кристални чинии

Еспресо

„Баш ми е жал што Душко раскина со девојката!“: Тошиќ дошол на настапот на Карлеуша, таа блеска од среќа

Еспресо
Се вчитува....