5.8 C
Скопје
01:17 - 1 април, 2026

Промоција на книгата „Џаро- живот на коцка“, во четврток во Штип

Книгата „Џаро- Живот на коцка“ за животот на познатиот менаџер Велибор Џаровски- Џаро ќе се промовира и во Штип. Промоцијата ќе се одржи на летната сцена на Дом на млади во Штип, во четврток, на 22 јуни, од 20 часот.

Книгата е во издание на „Три“, а автор е новинарката Милица Џаровска. За првпат беше во продажба на Саемот на книга во Скопје во мај, а потоа се одржа и промоција во Скопје.

Авторката, на скопската промоција изјави дека не било лесно да се пренесат сите ангегдоти на Џаровски на хартија. Невозможно било да се проверат приказните, бидејќи Гугл не располага со податоци за сите мали места низ поранешна Југославија каде што Џаро организирал концерти.

-Времето ќе покаже дали бил живот на коцка, живот со коцка, или живот за коцка“, рече на скопската промоција промоторот на книгата, Игор Џамбазов.

-Се радувам што ќе се дружам со штипјани. Овој град е посебен и многу значаен за мене, а доста од приказните кои се напишани во книгата се случиле токму во Штип“, изјави Џаровски.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....