1.8 C
Скопје
07:22 - 7 октомври, 2026

Николина Пишек: „Сè што се пишува за мојот сопруг е вистина! Знам за жената со која бил во станот…“

Водителката ги потврди шпекулациите за околностите на смртта на нејзиниот покоен сопруг Видоје Ристовиќ. Николина ѝ ја отвори душата на колешката Татјана Јуриќ и призна дека освен што останала вдовица, била изневерена…

Пред нешто повеќе од една година хрватската водителка Николина Пишек го загуби сопругот, а во моментот кога ја известиле за неговата смрт била во Загреб со својата ќерка. Требал да им се придружи Видоје Ристовиќ, но тоа не се случи, за жал, тој почина. Во подкастот Skip or Beep, Николина на водителката, односно колешката, Татјана Јуриќ ѝ ги открила деталите за смртта на нејзиниот сопруг.

„Ми се јави неговата мајка, тоа беше во ситните часови, се случи да не спијам, не знам зошто. Таа рече: „Видоје умре“, а јас реков – „Добро ли си ти? Што се случува Марија? Едноставно извесно време не можев да го обработам тоа“ – објасни таа во поткастот.

Водителката изјави дека постојано се пишува за смртта на нејзиниот сопруг односно дека се шпекулира дека тој починал за време на масажа додека бил „врз друга жена“.

– Па, горе-долу се што е напишано е точно – признава Николина и додава дека тоа ја изненадило.

„Бевте верни еден на друг или?“ – прашува водителката -колешка.

„Па јас бев“ – вели Николина и нагласува дека не знаела дека тој бил неверен.

„Била приутна една женска личност во станот, јас не знам ни како се вика таа жена, не ми е ни важно тоа, но таа призна дека била во некаква врска со него, а мојот свекор се тоа го формулираше како масажа…Се е многу чудно, а здравствениот наод покажа дека умрел од напрегање на срцето“ – ракажува Николина.

Таа нагласува дека така станала одеднаш и изневерена жена и вдовица, а дека не ја поштедиле ни медиумите ниту свекорот со кој до денес е во „војна“.

Денес вели дека не е сигурна дали воопшто нејзиниот брак би опстанал, пренсуваат хрватските медиуми.

Слични објави

Ќерката на Дарко Лазиќ славеше роденден, а нејзината мајка испрати емотивна порака: „Зошто никој не ми кажа дека ќе ми биде волку тешко?“

Еспресо

Кеба откри детали за свадбата на синот и бремената снаа: Цеца ќе пее, а еве кога ќе биде веселбата

Еспресо

Милица Тодоровиќ проговори за периодот по породувањето: „Ми беше тешко, одам кај психотерапевт и плачам“

Еспресо

(Фото) Синот на Анастасија Ражнатовиќ носи фармерки што чинат и до 700 евра! Бебето е опкружено со луксуз, но има и скапа гардероба

Еспресо

(Фото) Тања Савиќ се спакува и замина од родното Смедерево: Сега покажа како изгледа нејзиниот стан во Белград

Еспресо

Младата Месечина во Вага ќе им донесе среќа на четири хороскопски знаци — ќе започне период на нови можности

К.С
Се вчитува....