15:53 - 31 март, 2026

Продуцентот на Ејми Вајнхаус ја објави последната говорна порака што му ја испратила

Салам Реми, продуцентот на Ејми Вајнхаус, ја сподели последната говорна порака што му ја испратила присеќавајќи се на пејачката на 11-годишнината од нејзината смрт.

Продуцентот на својот инстаграм-профил објави видео од нејзиниот спот „In My Bed“ и гласовна порака која Ејми му ја оставила на мобилниот телефон. Реми покрај објавата напиша: „Ми недостасуваш“.

-Ми недостасуваш. Јави ми се, каде си, ајде – се слуша како пејачката зборува, а потоа почнува да пее: „Јави ми се. Ако не ми се јавиш, не знам што ќе направам…“

Реми соработувал со Вајнхаус уште од нејзиниот прв албум „Frank“ од 2003 година. Вчера се навршија 11-годишнината од смртта на пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SaLaAMReMi (@salaamremi)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amy Winehouse (@amywinehouse)

Слични објави

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin
Се вчитува....