2.8 C
Скопје
19:23 - 20 декември, 2024

ПРИВЛЕЧЕТЕ ГИ ВИСТИНСКИТЕ ЛУЃЕ И ПОЗИТИВНИТЕ НАСТАНИ: Сè што треба да знаете за моќта на вашата аура

Ако не сте многу упатени во езотеричната страна на нештата, можеби се прашувате што е тоа аура. Аурата има повеќе слоеви, а познавањето на овие слоеви може да ви помогне да станете свесни за вашата енергија, да привлечете квалитетно друштво и секако, да привлечете добри вибрации.

Вашата аура има 7 слоеви

Постојат седум различни слоеви на вашата аура кои се во согласност со седумте чакри во вашето тело. Тие се нарекуваат суптилни тела.

Првиот слој се нарекува етеричен слој; тоа е слојот што е најблиску до физичкото тело и е поврзан со вашето физичко здравје, болка и задоволство.

Вториот слој над него се нарекува емотивен слој и е поврзан со вашите расположенија.

Следен е вашиот ментален слој, кој се однесува на вашиот начин на размислување и проценки.

Четвртиот слој е астралниот слој, кој го поврзува вашето физичко и духовно тело.

Следен е етеричниот шаблон, кој ја претставува вашата личност и идентитет.

Шестиот слој се нарекува небесен слој, кој е поврзан со вашето патување на просветлување.

Последниот слој се нарекува духовен или кетеричен шаблон и се поврзува со вашата врска со Божественото, универзумот или што и да наметнуваат вашите духовни верувања.

Боите на вашата аура го одразуваат вашето физичко, емоционално и духовно здравје

Емоциите не се црно-бели – тие се сложени искуства кои често се придружени со други чувства. Вашата аура се однесува на сличен начин, така што никогаш нема да биде само во една боја, туку има низа различни нијанси во зависност од состојбата на вашето физичко, емоционално и духовно здравје. На пример, црвената аура претставува страст, моќ и работи насочени кон егото како страв или гнев.

Вашата аура се менува и се прилагодува на вашиот начин на размислување и целокупното духовно здравје.

„Аурата се шири или се стеснува во согласност со вашите реакции. Ако мислите нешто лошо или негативно, ако осудувате некоја личност, вашата аура ќе се стесни поради овие ниски вибрациски мисли, а и аурата на личноста за која размислувате исто така ќе се намали поради оваа „негативна проекција“, вели спиритуалистот Панела. „Од друга страна, кога имате отворени, поддржувачки, љубовни, неосудувачки мисли, и вашата аура и аурата на другата личност ќе се прошират нанадвор“.

Вашата аура може да ви помогне да привлечете некого или нешто

Бидејќи аурите се нашите природни енергетски фреквенции, тие можат да привлечат различна енергија врз основа на која фреквенција сте приспособени. Дали сте забележале како некои луѓе одлично се пронаоѓаат и спојуваат? Можеби нивните аури се привлекуваат една со друга. Ако вашата аура е енергична и позитивна, веројатно ќе привлечете луѓе кои ја емитуваат истата енергија.

Според законот за привлекување, сличното привлекува слични – ако сте весели и оптимисти, веројатно ќе ја привлечете истата енергија. Со оглед на тоа што вашата аура е енергијата на вашата вибрациона фреквенција, таа игра суштинска улога во она што го привлекувате и манифестирате.

Можете да си ја „прочитате“ вашата аура со фотографија

Љубопитни сте да дознаете како изгледа вашата аура? Постојат различни начини за прегледување на вашата единствена фреквенција, вклучувајќи ја и и таканаречената Кирлијан фотографија, која понекогаш се нарекува фотографирање на аура.

Оваа техника користи плазма фото плоча и високонапонски изолатор за да го долови вашето енергетско поле. Ако сте подготвени за натприроден научен експеримент, можете да се обидете да се фотографирате дома – сепак ќе ви требаат неколку акрилни плочи и висок напонски драјвер – или, можете професионално да ја фотографирате вашата аура, па потоа да ја прочитате.

Големината на вашата аура ја одразува вашата емоционална состојба

Вашите емоции и нивоата на енергија опаѓаат и се качуваат, така што вашата аура се менува со истото темпо. Ако се чувствувате незадоволни или сте изложени на многу  стрес, бојата на вашата аура ќе ги отслика вашите емоции. За среќа, не сте „врзани“ со ниту една боја на аурата до крајот на вашиот живот и таа може да се прилагоди на природните промени на енергијата и расположението.

„Нашата аура може да варира не само во боја, туку и во големина“, вели Панела. „Може да се намали и да се повлече поблиску до телото кога аурата не е „здрава“ или пак, кога „добро се чувствува“.Сè што доживуваме и за што размилуваме може да влијае на нашата аура и може да се складира во овој енергетски систем“, објаснува Панела.

Како да ја исчистите вашата аура

Лошите денови се неизбежни, но за среќа, аурите постојано се подложни на менување во зависност од расположението и мислите. А вие поседувате моќ да ги исчистите вашите енергии кои сте ги стекбале во оние денови кога не сте се чувствувале пријатно, добро, позитивно.

„За да ја исчистите вашата аура, можете да направите чудесна церемонија – односно пријатна купка. Во тоалетот и во кадата може да ставите цвеќиња, свеќи и лековити кристали, потоа натопете се во бањата и ослободите се што ви тежи, визуелизирајте ја бањата како ве чисти од лошите работи. “, вели Панела. „Исто така, можете да се намачкате себеси и вашиот дом, користејќи бела жалфија (или алтернатива – спреј од жалфија). Не заборавајте ова да го направите со добра мисла, позитивна мантра или афирмација“, објаснува Панела.

Слични објави

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо
Се вчитува....