7.8 C
Скопје
09:34 - 30 март, 2026

Природна крема против брчки и стареење на лицето, ефтино ќе ја направите дома

Оваа домашна крема ја хидрира кожата, ги намалува видливите брчки и го забавува процесот на стареење на кожата. Одговара на сите типови кожа. Резултати се видливи веќе за седум дена.

За подготовка на кремата потребно е – 1 супена лажица бадемово или маслиново масло, 1 жолчка од јајце, 1 кафена лажица мед, 2 кафени лажици аптекарски вазелин.

Подготовка

Вазелинот растопете го на водена пареа, потребни ќе ви бидат неколку минути. Отстранете го садот од шпоретот и додадете ги останатите состојки – јајцето, медот и маслиновото масло. Убаво мешајте неколку минути додека добиете компактна смеса. Префрете ја смесата во празно кутивче (од веќе потрошена крема, пакување од 50 мл).

Нанесете од кремата на чисто лице, со кружни движења и нежно масирање. Оставете ја да делува половина час, па отстранете ја со памуче натопено во минерална (кисела) вода.

Останатиот дел од кремата чувајте го во фрижидер до следниот третман по неколку дена.

Слични објави

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо
Се вчитува....