10:22 - 10 ноември, 2026

Принцот Вилијам наследува имот стар 685 години од 1 милијарда долари

Кралските тестаменти никогаш не се објавуваат. Ова значи дека она што се случува со голем дел од личното богатство на кралицата по нејзината смрт ќе остане семејна тајна.

Минатата година Форбс го процени личното богатство на покојната кралица на 500 милиони долари, што се состои од накит, уметничка колекција, две резиденции: замокот Балморал во Шкотска и Куќата Сандрингам во Норфолк. Кралицата ги наследила двата имота од нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести.

За вредноста на кралските тестаменти, објаснува професорката на Универзитетот Ланкастер, Лора Кленси,  никогаш ништо не е објавено.

Но, голем процент од богатството на кралското семејство – најмалку 18 милијарди фунти (21 милијарди долари) во земја, имот и уметнички предмети – сега е во рацете на новиот монарх, кралот Чарлс и неговиот наследник принцот Вилијам.

Имотот, на пример, кој датира од 1337 година од кралот Едвард Трети, се проценува на околу 1 милијарда фунти (1,2 милијарди долари). Приходите од имотот „се користат за финансирање на јавни, приватни и добротворни активности“ на војводата од Корнвол, а сега оваа титула му припаѓа на принцот Вилијам.

Слични објави

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо
Се вчитува....